Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста
Резиме на проектот
Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа како дел од програмат Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility) и ќе биде спроведен од страна на Советот на Европа. Преку овој проект, Советот на Европа има за цел да им помогне на властите да ги надминат утврдените недостатоци и практични слабости поврзани со обуката, правејќи анализа на потребите и развивајќи сеопфатен курикулум за обука на судии, обвинители и останати правни практичари, како и за судиите од Уставниот суд за одредени тематски области од Европската конвенција за човековите права. Советот на Европа ќе го спроведува проектот во блиска соработка и во партнерство со Академијата за судии и јавни обвинители, “Павел Шатев“, Уставниот суд, Министерството за правда ( Канцеларијата на владиниот агент за застапување пред Европскиот суд за човекови права), Врховниот суд, апелациските судови и Народниот правобранител.
Цел на проектот
Генералната цел на проектот е да придонесе кон напорите на државата за зајакнување на капацитетите на правните практичари за заштита на човековите права и борбата против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста.
Цели и очекувани резултати
Конкретна цел 1: Подобрување на капацитетите на судството за примена и заштита на стандардите за европските човекови права
Очекувани резултати:
- Зајакнат и оддржлив интерен капацитет на Академијата за спроведување на обуки за човекови права за судии и обвинители
- Судиите и обвинителите подобро ги толкуваат и применуваат одредбите од Европската конвенција за човековите права и судската пракса на Европскиот суд за човековите права
- Уставниот суд поефективно ги применува европските стандарди за човекови права во случаи на поднесување на индивидуална жалба
Конкретна цел 2: Подобрување на капацитетите на судството за поефективна борба против нечовечното и понижувачкото постапување и против неказнивоста
Очекувани резултати:
- Зајакнат капацитет на Академијата за судии и обвинители за обука на правни практичари за борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста
- Зголемен капацитет на правните практичари за борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста во согласност со Европската конвенција за човековите права и со судската пракса на Европскиот суд за човекови права
Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.
- Времетраење: 18 месеци (од 1 декември 2016 до 31 мај 2018)
- Проектот е затворен од 31 мај 2018
- Корисници/Партнери: Aкадемија за судии и јавни обвинители, Уставен суд, Миистерство за правда, Народниот правобранител, Врховниот суд, Мисијата на ОБСЕ
- Финансиран од: Европската Унија и Советот на Европа
- Буџет: 700,000 EУР