Од 3 до 7 јули 2017 година во Охрид се одржа петдневна обука на обучувачи за членот 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). Активноста беше спроведена во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста” кој е дел од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и за Турција“.
Обучувачите од одделенијата за почетна и за континуирана обука при од Академијата за судии и јавни обвинители имаа можност да ги продлабочат своите знаења за правото на правична судска постапка што е опфатено со членот 6 од ЕКЧП. Освен содржинскиот дел, на обуката се презентираше и методологија за обука на возрасни (на пр. Симулација на судски процес) како ефективна алатка за учење.
Пред обуката беа изготвени сеопфатни материјали за обука и, заедно со студиите на случаи кои произлегуваат од релевантната судска пракса на Европскиот суд за човекови права, беа преведени и поделени на учесниците.
Учесниците на оваа обука, сега ќе можат уште подобро да ги пренесат знаењата и вештините на своите колеги – судии, јавни обвинители и правни практичари – за правото на правична судска постапка. Тоа ќе обезбеди одржливост на проектните активности и ќе ги збогати ресурсите за обука и бројот на настани поврзани со оваа тематска област во каталогот за обуки.