Back Полициски службеници од Скопје ја посетија Холандската полиција

Полициски службеници од Скопје ја посетија Холандската полиција

Делегација составена од 7 раководни полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи ја посетија Холандската полиција. Како резултат, делегацијата научи од холандските искуства за недискриминирачко работење на полицијата, како и за третманот на ранливите групи, како мигранти, припадници на различни етнички заедници и членови на ЛГБТ заедницата во полициските постапки.

Во текот на посетата делегацијата оствари средба со полициски службеници од седиштето на Холандската полиција во Хаг, посети полициска станица во Хагланден, како и Центарот за обука на полицијата. Со сите соговорници се разговараше за холандскиот пристап во однос на мултикултурализмот и неговите предизвици, примената на принципот на недискриминација во полициското постапување и борбата против говорот на омраза, како и за почетната и континуираната обука за полицијата на релевантните теми. Делегацијата се сретна и со претставници на мрежата „Roze in Blauw”. Дискусиите со нив се фокусираа на обезбедувањето поддршка на полициските службеници кои се жртва на дискриминација врз основа на нивната сексуална ориентација.

Студиската посета на Холандија беше организирана во периодот од 7 до 9 ноември 2017 г. во рамки на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување”, кој е ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и го спроведува Советот на Европа.

Хаг, Холандија 7 - 9 ноември 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page