Минатата недела беа комплетирани активностите на Советот на Европа, со кои се помагаат националните власти на Северна Македонија во зајакнување на нивните капацитети за справување со радикализацијата во затворите, како и со осудените лица за насилен екстремизам.
На 20-21 септември 2022 год, мулти-дисциплинските тимови дискутираа за користењето на конкретниот инструмент за процена на ризик и потребите на осудените за насилен екстремизам, како и индивидуалната програма. Беше заклучено дека алатките за интервенција се спроведуваат во сите затворски установи, а во најголем дел се основани соодветни мулти-третмански тимови кои ја олеснуваат размената на информации.
Дополнително, сесијата одржана на 22 септември со сите вклучени страни го обележа и крајот на активностите кои се фокусираат на отпуст и пост-пенална помош за радикализираните осудени лица, како и за оние осудени за насилен екстремизам. Размената на информации, како и сеопштата меѓу-институционална соработка во врска со водење на предметите на овие лица се регулирани со Стандардните оперативни процедури, кои влегоа во сила во јуни 2021 год.
Заедно со стекнатите знаења и способности, едно од најголемите достигнувања на оваа компонента е воспоставената меѓу-институционална координација меѓу клучните чинители на ова поле. Во текот на изминатата година, видно е подобрена координацијата меѓу различните институции во подготвување на отпустот на радикализираните осудени лица.
Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”