Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија
Проектот "Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија" се имплементира во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022"
Која е целта?
Проектот за “Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија” ги поддржува властите во Северна Македонија во подобрување на идентификувањето, заштитата и помошта за жртвите на трговија со луѓе, во согласност со европските стандарди, како што е пропишано во препораките што произлегуваат од следењето на Конвенција на Советот на Европа за борбата против трговија со луѓе.
Кој има придобивки од проектот?
клучните институции: Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, Министерството за правда, Министерството за образование и Министерството за здравство;
граѓанските организации и други клучни актери од јавниот /приватниот сектор (Стопанска комора, Агросиндикат);
групи под ризик од трговија со луѓе (вклучително и жртвите на трговија со луѓе и нивните семејства);
пошироката јавност.
Како функционира проектот?
Проектот ќе ги поддржи властите во спречувањето и борбата против трговијата со луѓе преку обезбедување на експертска помош, зголемување на капацитетите и поддршка на напорите што ги прават клучните чинители. Во оваа смисла, проектот поконкретно ќе се насочи кон:
интервенции во законодавството, поддршка во креирањето на на политики и истражувања;
мулти-дисциплинарни обуки за клучните актери;
семинари и работилници за партнерските институции;
подигање на свеста и информативни настани за граѓаните/јавноста.
Очекувани резултати:
Очекувани резултати од проектот се
откривањето, идентификацијата и помошта на жртвите на трговија со луѓе заради трудова експлоатација ќе се подобри;
откривањето, идентификацијата и заштитата на децата – жртви на трговија со луѓе ќе се зајакне;
пристап до обесштетување на жртвите на трговија со луѓе ќе се подобри;
сите актери во областа на борбата против трговија со луѓе, и пошироката јавност, ќе бидат поинформирани и свесни за специфичните ранливости во ситуации на трговија со луѓе и за правата на тргуваните лица
Како да добиеме повеќе информации?
Конвенција на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе https://www.coe.int/en/web/conventions/full-list/-/conventions/rms/090000168008371d
ГРЕТА извештај за земјата https://www.coe.int/en/web/anti-human-trafficking/-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia-