Back Основна обука за трговија со луѓе за цел трудова експлоатација

Основна обука за трговија со луѓе за цел трудова експлоатација

Мултидисциплинарна обука за спречување и борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација беше спроведена за зајакнување на вештините на клучните актери за откривање, идентификација и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе заради трудова експлоатација.

На обуката се собраа триесет и девет претставници на националните власти, вклучително и трудовите инспектори и мобилните тимови, претставници од Националната работна сила за борба против трговијата со луѓе и националниот механизам за упатување, како и граѓанските организации. Г-ѓа Katja-Pia Jenu, трудовиот инспектор од Финска им обезбеди на учесниците конкретни случаи на трговија со луѓе за трудова експлоатација и примери за добра практика. Целта беше да се олесни развојот на вештините на учесниците за откривање, прелиминарно идентификување и упатување на жртви на трговија со цел експлоатација на трудот со употреба на претходно дефинирани индикатори. За време на обуката, г-ѓа Jenu истакна дека „принудната работа не мора да биде робство или да заклучува некого во просторија. Во трудовата експлоатација, честопати станува збор за присуство на три елементи: измама, принуда и злоупотреба на ранливоста “.

Во поздравните забелешки, г-дин Злате Стојановски, Национален трудов инспектор од Државниот трудов инспекторат, истакна дека „Северна Македонија ја ратификувала Конвенцијата за акција против трговија со луѓе и таа е обврска на институциите да ја спроведат истата.“ Г-ѓа Елена Грозданова , Државниот советник во Министерството за труд и социјална политика, заклучи дека „е потребна меѓуинституционална соработка и мулти - дисциплинарен пристап за да се обезбеди одржливост“.

Овој настан е организиран како дел од „Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey II“, иницијатива за соработка кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа, чија цел е да им помогне на корисниците во Југоисточна Европа да ги почитуваат стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската унија во рамките на процесот на проширување.

Струга 19 - 21 септември 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

За Проектот

Проектот ќе ги поддржи националните власти во спроведување на препораките ндадени од страна на  Групата експерти за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа (ГРЕТА).

Проектот ќе се фокусира на намалување на трудова експлоатација, поттикнување пристап до компензација за жртвите на трговија со луѓе и зајакнување на постојниот Транснационален механизам за упатување.

Проектот е дел од заедничката програма на Советот на Европа и Европската Унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“.

Главна цел

Цел на проектот е да се придонесе за намалување на трговијата со луѓе во земјата, во согласност со европските стандарди

Посебни цели и очекувани резултати:

 Посебна цел 1: Подобрување на детекцијата и на идентификацијата и помош на жртвите на трговијата со луѓе за цели на експлоатацијата на трудот преку поттикнување на донесувањето мултидисциплинарен пристап;

Очекувани резултати:

  • Зголемени сознанија меѓу релевантните национални органи за трговијата со луѓе за цели на експлоатацијата на трудот;
  • Зголемени капацитети на инспекторите за труд, службениците за спроведување на законот, синдикатите и на другите заинтересирани субјекти за откривање, идентификување и помагање на жртвите на трговијата со луѓе за цели на експлоатацијата на трудот

  •  Посебна цел 2: Зајакнување на рамката за ефективен пристап до компензацијата за жртвите на трговијата со луѓе.

Очекувани резултати: 

  • Зголемени сознанија на надлежните органи за постојните добри практики за воспоставување државен фонд за компензација
  •  Подобрени капацитети на службениците за спроведување на законот, обвинителите и на судиите за олеснување на пристапот до компензација за жртвите на трговијата со луѓе;

 Посебна цел 3: Олеснување на безбедното враќање и на реинтеграцијата на жртвите на трговијата со луѓе

Очекувани резултати:

  • Зајакнати капацитети за ефикасна транснационална соработка и размена на информации меѓу одговорните органи и организациите на граѓанското општество во однос на идентификувањето и на упатувањето на жртвите на трговијата со луѓе.

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

За проектот
  • Времетраење: 32 месец (од 1 октомври 2016 до 23 maj 2019)
  • Партнери/корисници: Националниот координатор за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд, Министерството за надворешни работи, Министерството за правда, како и со организации на граѓанското општество.
  • Финансиран од : Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: 455,000 EУР
КОНТАКТ

 Јасмина Димитриева, Раководител на проектот