ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Промовирање на демократијата и човековите права во образованието како и подготовка на младите луѓе со потребните вештини и алатки за да живеат во мултикултурно општество.
Креаторите на образовните политики, како и директорите на училиштата, наставниците, учениците и училишниот персонал од избраните основни и средни училишта и локални заедници се целните групи на проектот.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
- Зајакнување на имплементацијата на одредбите поврзани со инклузивно и мултикултурно образование во Националната образовна стратегија од страна на креаторите на образовните политики, институциите и професионалците.
- 25 пилот училишта ќе бидат поканети за да се вмрежат со локалните заедници и граѓанските организации за да обезбедат инклузивна и овозможувачка средина за учење за сите ученици.
- Наставниците ќе добијат алатки за развивање на нови професионални вештини, практики и ставови кои подобро придонесуваат за развој на вештините за демократска култура кај учениците.
АКТИВНОСТИ
- Извештај за мапирање и препораки за политики за имплементација на националната стратегија за образование со фокус на стратешката цел за демократска култура, човекови права и инклузивно и мултикултурно образование
- Градење на капацитети: обуки, менторство и размена ќе бидат организирани за наставниците од полето на образование за демократско граѓанство, вештини за демократска култура и за целокупниот училишен пристап
- Создавање национална демократска и инклузивна училишна мрежа за споделување и промовирање на добри практики
- Училишни проекти: училиштата ќе соработуваат со граѓанските организации и другите засегнати страни во заедницата за да го имплементираат моделот на демократско управување со училиштата
- Регионална студиска посета и размена на искуства: добри практики во создавањето демократско и инклузивно училишно управување и средини ќе бидат споделени преку студиска посета за училишни тимови и две летни академии за ученички и ученици
- Подигање на свеста: конференции, тркалезни маси и настани за подигање на свеста на кои ќе се презентираат резултатите од проектот и ќе се подигне свеста за инклузивно и демократско образование
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ
Овој проект е имплементиран од страна на Советот на Европа, а финансиран од Германија. Се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија од декември 2022 до ноември 2025 година.