Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)
Краток опис на Програмата
Ова е заедничка Програма финансирана од страна на Советот на Европа и Европската Унија, која се надоврзува на претходната работа на Советот на Европа со која се цели кон специфричните потреби во областа на слободата на изразување и медиумите во Југоисточна Европа.
Програмата се состои од серија обуки кои го опфаќаат правосудството преку иновативната HELP методологија како и од специфични активности насочени кон регулатори, новинари и јавни медиумски сервиси, во врска со меѓусебно поврзаните сегменти, а кои се од сериозно значење за слободата на изразување и остварувањето на човековите права, согласно Европските стандарди и стандардите на Советот на Европа.
Корисниците на Програмата се: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, „поранешната Југословенска Република Македонија“, Косово*. Регионална компонента на Програмата е посветена на креирањето можности за размена на најдобри искуства и пронаоѓање заеднички решенија за слични проблеми.
*Оваа ознака е без предрасуди кон позициите за статусот и е во согласност со UNSCR 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.
Главна Цел
Севкупна цел на проектот е унапредување на слободата на изразување и на слободата на медиумите во согласност со стандардите на Советот на Европа, со посебен фокус на правосудството во Југоисточна Европа.
Цели и очекувани резултати
Посебна цел 1: Поттикнување на примената на Европската конвенција за човековите права (ЕКЧП) и на судската практика на Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) во областа на слободата на изразување во секојдневната работа на судиите преку толкување и спроведување на законодавството во согласност со европските стандарди.
Очекувани резултати:
- Зголемен е бројот на домашни пресуди во кои се одразува примената на член 10 и на судската практика на ЕСЧП
Посебна цел 2: Зајакнување на капацитетот на националните центри за обука, на академиите за судии и обвинители и на адвокатските комори за обука на правни стручњаци за ЕКЧП, судската практика на ЕСЧП и за други европски стандарди за слободата на изразување.
Очекувани резултати:
- Изработени се наставни планови за обука за член 10 и подобрен е капацитетот на националните институции за обука во однос на слободата на изразување и на медиумите
Посебна цел 3: Зголемување на свеста и капацитетот на судии, јавни обвинители и адвокати што се занимаваат со прашања поврзани со слободата на изразување за стандардите на Советот на Европа и за судската практика на ЕСЧП.
Очекувани резултати:
- Воспоставен е регионален форум на правни стручњаци и редовно се состанува за дискусија за добрите практики и обезбедува меѓусебна соработа за развојот на домашната судска практика во согласност со судската практика на ЕСЧП во однос на прашањата на медиумите, имено членовите 6, 8 и 10.
Посебна цел 4: Зајакнување на независноста и на ефикасноста на телата одговорни за регулирање на електронските медиуми, во согласност со европските стандарди
Очекувани резултати:
- Студии за независноста и за ефикасноста на регулаторните органи и понатаму се доставуваат на барање од националните органи;
- Се зајакнуваат професионалните капацитети на вработените од регулаторните органи;
- Развиена е регионална соработка меѓу регулаторите; воспоставена е размена на добрите/лошите практики.
Посебна цел 5: Унапредување на правата и на одговорностите на новинарите и развој на професионализмот, одговорноста и на почитувањето на етичките правила меѓу новинарите врз основа на судската практика на ЕСЧП и на другите правни инструменти на Советот на Европа.
Очекувани резултати:
- Воспоставен е структуриран дијалог меѓу учесниците од медиумите, саморегулаторните тела, судиите, политичарите, парламентарците и активистите за човекови права на национално и на регионално ниво. Учесниците од медиумите се свесни за своите должности и одговорности и нивните професионални капацитети се зајакнати
Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.
- Времетраење: 36 месеци (мај 2016 – август 2020)
- Корисници/Партнери: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Косово*, Црна Гора, Србија и Турција
- Финансиран од: Европската унија и Советот на Европа
- Буџет: 3 750 000 евра
* Оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и Мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.
Слобода на изразување website