Back Промоција на првиот проект од програмата Horizontal Facility во Скопје

Промоција на првиот проект од програмата Horizontal Facility во Скопје

Проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, кој е финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и го спроведува Советот на Европа беше успешно промовиран на 29 јуни 2016 г. во Скопје.

Крајната цел на проектот е да се зајакне заштитата на правата на осудените лица во согласност со стандардите на Советот на Европа. Оваа цел ќе биде постигната преку воведување на ефикасни механизми за справување со случаите на несоодветно постапување и корупција во затворите, понатамошно зајакнување на внатрешниот систем на инспекциски надзор во затворите, подобрување на третманот на осудените лица, воведување на ефикасно раководење со затворите и на механизми за борба против насилството меѓу осудените лица, како и други активности насочени кон јакнење на заштитата на правата на осудените лица.

Со поздравен говор на учесниците на конференцијата им се обратија:

г-дин Валдет Џафери, Министер за правда

г-дин Лукаш Холуб, Шеф на оддел за политички прашања и информирање, Делегација на Европската унија 

г-ѓа Тања Ван Дајк, Координатор на Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција, Совет на Европа

На настанот присуствуваа повеќе од 50 учесници, вклучувајќи претставници од Министерството за правда и други претставници на владата, претставници од Управата за извршување санкции, директори на затворите, претставници од канцеларијата на Народниот правобранител, обвинители, судии, меѓународни организации, како и претставници од невладиниот сектор и академската заедница. Конференцијата за промоција на проектот беше добро покриена од страна на медиумите.  

Read more

Skopje 29 јуни 2016
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

За Проектот

Советот на Европа ќе им обезбеди поддршка на националните власти за надминувањее на идентификуваните недостатоци и практичните слабости поврзани со третманот на осудените лица. Проектот ќе се спроведува во блиска соработка и партнерство со Министерството за правда (Управата за извршување на санкции) и ќе вклучи поширока група на национални партнери и релевантни чинители, вклучувајќи го Народниот правобранител и Националниот превентивен механизам, Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, Јавното обвинителство, како и невладините организации кои се активни во областа на извршување на санкциите и борбата против несоодветно постапување и неказнивоста.

Овој проект е дел од заедничката програма на Советот на Европа и Европската Унија  Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција.

Главна цел

Генерална цел на пректот е да се зајакне заштитата на правата на осудените лица во согласност со стандардите на Советот на Европа.

Специфични цели и очекувани резултати

Специфична цел 1: Да се воведе ефикасно управување со затворите, да се воспостават механизми за справување со насилство меѓу осудените лица, како и да се зајакне системот за внатрешна инспекција во КПУ и ВПУ.

Очекувани резултати:

  • Зајакнат капацитет на директорите и персоналот на КПУ и ВПУ за справување со насилство меѓу осудените лица
  • Воведен и воспоставен концепт на динамичка безбедност во КПУ и ВПУ
  • Зајакнати професионалните капацитети на директорите на КПУ и ВПУ и на структурите на УИС
  • Подобрени капацитети на механизмот за инспекциски надзор над работата на КПУ и ВПУ

Специфична цел 2: Подобрување на третманот на осудените лица преку воведување и спроведување на специфични програми за третман.

Очекувани резултати:

  • Подобрен третман на осудените лица преку воведување и спроведување на специфични програми за третман
  • Развиена програма за насилни осудени лица и нејзино воведување во пенитенцијарниот систем

Специфична цел 3: Јакнење на заштитата на правата на осудените лица преку воведување на ефикасни механизми за справување со случаите на несоодветно постапување и корупција во КПУ и ВПУ.

Очекувани резултати:

  • Подобрена заштита на човечкото достоинство и интегритетот на осудените лица на недискриматориски и непристрасен начин
  • Воспоставени поефикасни механизми за спречување или справување со случаии на несоодветно постапување или корупција на затворскиот персонал
  • Развиен ефикасен систем за одражување на дисциплината кој ќе придонесе кон успешна ресоцијализација на осудените лица

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

За проектот
  • Времетраење: 30 месеци (29 јуни 2016 - 30 ноември 2018)
  • Корисници/Партнери: Министерсво за правда (Управа за извршување на санкции), Народен правобранител и Националниот превентивен механизам, Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, Јавното обвинителство и други национални партнери, засегнати страни и невладини организации.
  • Финансиран од: Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: 950,000 EУР
контакт

Донче Бошковски, Страсбург

Петар Јорданоски, Скопје