Материјали/подготовка 

• Најдете слики кои прикажуваат едноставна приказна. Исечете ги на два дела на таков начин што одделно двете слики го поттикнуваат гледачот да ја разбере ситуацијата на начин што е сосема различен од начинот на кој би ја разбрале ситуацијата ако ги гледаат двете слики заедно како целина.
• Ставете ги двата дела на сликата во плик. Ви треба по еден плик за учесник.

Инструкции

1. Замолете ги учесниците да направат парови.

2. На секој пар дајте им по два пликови.

3. Кажете им на учесниците да се менуваат во отварање на пликот и да му дадат на својот партнер еден дел од сликата што е внатре. Партнерот нека каже што мисли дека се случува на сликата, кој е субјектот и што прави.
4. Потоа, првиот учесник треба да му го даде вториот дел од сликата и да го праша својот партнер за тоа што мисли дека се случува сега, кога ја имаат целата слика.

5. Започнете да разговарате за:
• Какви изненадувања имаше?
• Колку често луѓето го прифаќаат она што го гледаат и забораваат дека тоа можеби не е „целата приказна“?

Совети за обувачите 

Goto topОваа активност исто така може да ја користите за „кршење на мразот“ .