Оваа енергизирачка активноста има добар ефект како активност за „добредојде“. Учесниците започнуваат да ги учат имињата еден на друг и од каде доаѓаат, без премногу зборување. Исто така е добар стартер за дискусија за разновидноста и почитувањето на различноста.

Подготовка

Напишете ја секоја буква од азбуката на посебен лист хартија, А4 формат.

Инструкции

1. Распредете ги буквите на подот без ред и побарајте од учесниците да формираат круг околу нив.
2. Објаснете дека ќе поставите некои прашања, на пример: Како се викате? Потоа, колку што можат побрзо , учесниците мора да ја најдат првата буква од нивното име и да го стапнат листот со прстите (од нозете ). На пример, Лора стои на буквата Л, Рада стои на буквата Р и така натаму.
3. Кога секој ја нашол својата буква, направете круг, буква по буква и побарајте од лицата брзо го кажат своето име.
4. Повторете го со други прашања.

Совети за обучувачитеGoto top

Распоредете ги буквите на широко, така да има многу простор околу секоја, бидејќи е многу веројатно дека повеќе од едно лице ќе треба да застане (стапне) на одредена буква. Всушност, забавата доаѓа ако повеќе од 3 луѓе се обидуваат да застанат на една буква, бидејќи тогаш треба да се држат едни со други. Распространувањето на буквите по случаен избор значи дека учесниците си помагаат едни со други да ги пронајдат буквите.
Ако групата е интернационална, внимавајте околу изборот на азбука и бидете сигурни дека сите букви се лесни за разбирање и читање. Всушност, ако има еквивалентни букви од различни азбуки напишани на исто парче хартија, тоа ја подига љубопитноста.

Во зависност од големината на групата можете да направите повеќе или помалку кругови. Не дозволувајте одолговлекување. Некои предлози за прашања вклучуваат:

  • Како се викаш?
  • Во која земја живеш?
  • Во која држава сте родени?
  • Која е вашата омилена храна/пијалок?
  • Која е вашата омилена боја?
  • Која е вашата омилена книга/вид на музика?
  • Кое е вашето мото во животот?