Погоди ги насловите
Учесниците работат во мали групи за да направат модел на насловната страна на (весник) таблоид.
Време: 60 минути
Подготовка
- Ќе ви треба лист хартија со големина A3 и неколку фломастери за секоја мала група .
Инструкции
1. Кажете им на учесниците да направат мали групи од три-четврица. Тие ќе ја направат насловната страна на таблоидот: големи наслови, а не долги статии!
2. Кажете им да разговараат за она што го правеле и што го произлегло од проектот или активноста, и да размислуваат за најдобрите и најлошите работи .
3. Секоја мала група треба да се согласи за 5 или 6 „приказни“. Тие треба да напишат наслов за секоја приказна заедно со неколку реченици за да дадат краток преглед на приказната. Не треба да ја напишат целата приказна. „Фотографијата“ е по избор, но е добра идеја.
4. Прикажете ги страниците.
5. Презентација и дискусија се по избор