Овој метод е брз и им дава можност на учесниците да дадат коментар, доколку сакаат. 

Време: 20 минути 

Подготовка

  • Размислете за 3 или 4 прашања што треба да ги поставите. На пример, Дали уживате во активноста? Дали научивте нешто ново? Дали ќе можете да го користите тоа што сте го научиле во вашиот секојдневен живот?
  • Направи 4 знаци на А4 хартија: „Да“, „Не“, „Не знам“ и „Сакам да кажам нешто“. Нив залепете ги на четирите ѕидови во просторијата.

Инструкции

1. Покажете ги знаците на четирите ѕидови и објаснете дека тие претставуваат четири различни точки на гледање. Објаснете дека само оние луѓе кои стојат покрај ѕидот „Сакам да кажам нешто“ може да зборуваат.
2. Објаснете дека ќе прочитате едно прашање и дека учесниците треба да застанат покрај ѕидот што го претставува нивниот одговор. Луѓето можат да ја променат позицијата за време на вежбата.
3. Поставете го првото прашање за активноста.
4. Дајте им време да се позиционираат; потоа поканете ги оние кои сакаат нешто да кажат да искоментараат.