Што знаете за човековите права? 

Преглед

Ова е едноставен квиз и варијација на играта Бинго! во која луѓето го споделуваат своето знаење и искуства за човековите права.

Поврзани права

Сите човекови права

Цели
  • Да се запознаат со универзалните човекови права и нивната важност за секого и насекаде
  • Да се развијат вештини за слушање и критичко размислување
  • Да се поттикне почит кон другите луѓе и нивните мислења
Материјали
  • Една копија од  листот за квиз и молив за секого
  • Флипчарт хартија и маркери
Подготовка
compass-key-date
  • 8 МајСветски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Инструкции

1. Разделете ги quiz sheets и моливите
2. Објаснете дека луѓето треба да најдат партнер и да го прашаат едно од прашањата на листот. Клучните зборови на одговорот треба да се забележат во соодветното поле.
3.Паровите потоа се разделуваат и секој си наоѓа некој друг за партнер.
4. Целта на играта не е само да добиете одговор во секое поле, туку и да добиете различно лице да одговори на секое прашање.
5. Оној кој прв ќе добие одговор во секое поле, извикува „Бинго!“ Тој победува.
6. Преминете на дискусија. Прочитајте го прашањето во првиот квадрат и побарајте од луѓето да ги споделат одговорите што ги добиле. Запишете ги клучните зборови на флипчарт. Дозволете кратки коментари во оваа фаза.
7. Кога табелата е завршена, вратете се и дискутирајте подетално за одговорите во секое поле.

Резимирање и евалуација Goto top

  • Дали сите прашањасе поврзани со човековите права? Кои права?
  • Кои прашања беа најтешки за да се одговорат? Зошто?
  • Кои прашања беа најконтроверзни? Зошто правата се контроверзни?
  • Како луѓето знаат за човековите права и кршењето на човековите права? Дали им веруваат на изворите на информација

Совети за обучувачите Goto top

Слободно може да промените било кое од прашањата за да ја прилагодите активноста на интересите и нивото на вашата група.

Кога ги забележувате одговорите на луѓето на секое прашање, запишете ги само клучните зборови. Поентата на табелата е да помогнете со дискусијата подоцна. После секој круг, задржете се на кратко на сите прашања за појаснување или на разликите во толкувањето. Истакнете ги сите точки/работи што бараат подлабока дискусија и договорете се да се навратите на нив на крајот.

Многу е веројатно дека луѓето ќе дадат примери за кои можеби и вие не знаете за тоа што тие се нејасни или затоа што се лични. Ова не би требало да е важно. Од никој не може да се очекува да знае сè! Можете да ги прашате луѓето како знаат за одредена информација и да дискутираат за нејзината автентичност и веродостојност. Всушност, тоа е добра можност, како принцип, да се охрабрат луѓето да размислуваат критички за информациите.

Некои од одговорите ќе бидат контроверзни. На пример, некој може да каже дека абортусот е негирање на правото на живот. Некои луѓе во групата може многу силно да се држат до овој став; други пак може исто толку силно да не се согласуваат. Првата поента за учење е дека е важно да се обидеме да ја разбереме некоја работа од сите аспекти: обидете се да утврдите зошто луѓето се држат до погледот што го имаат. Каква и да е разликата во мислењето или толкувањето на правата, луѓето секогаш треба да ги третираат со почит оние чие мислењесе разликува од нивното. Тие може да не се согласуваат со нивната гледна точка, но треба да го почитуваат лицето.
Втората поента за учењето е дека треба да знаеме за човековите права, бидејќи тие се важни за сите нас, тие секогаш се развиваат и сечие мислење е важно за да му даде значење на правата. Тие не се дефинитивни и решени еднаш за сите и за тоа како тие треба да се толкуваат и применуваат; тие треба постојано да се преиспитуваат и развиваат. Затоа, одговорноста е на секој да биде дел од процесот на промовирање и заштита на човековите права.

Предлози за следни активности Goto top

Земете еден или два од одговорите што предизвикаа контроверзи и дискутирајте за вистинските дилеми кои што постојат при обидот да се развие култура на почитување на човековите права.

Друг начин за истражување на човековите права е преку слики. Дознајте како луѓето ги гледаат човековите права со активноста, "Моќта на цвеќето". Активноста може да води кон многу дискусии, на пример, за стереотипите, за тоа како ги градиме нашите слики за светот и за дискриминација.

Можеби ќе сакате да одите понатаму и да ги разгледате начините на кои во медиумите се известува за настаните и како на аспектите за човекови права може да им се даде поголем профил. Пробајте го "Правењето на вести" во Сите различни - сите еднакви.

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Лист за квиз

Името на документ кој ги прокламира човековите права

 
Посебно право кое сите деца во светот треба да го имаат  Песна / филм / книга за човековите права
Право кое им е ускратено на некои луѓе во твојата земја

 
Човеково право што ви е ускратено вам лично Организација која се бори за човековите права
Обврска што ја имаме во врска со нашите човекови права

 
Пример за дискриминација Право кое понекогаш им е ускратено на жените 
Некој кој се бори за човекови права

 
Прекршување на правото на живот Пример за тоа како нечие право на приватност може да биде повредено
Човеково право кое често им е негирано на младите луѓе 

 
Група или заедница чија слобода од дискриминација честопати е повредена во вашата земја Пример за повреда на правото за безбедна средина во вашата заедница