Видете ја способноста!
Видете ја способноста - не неспособноста!
- Преглед
Практична активност за поттикнување на емпатијата кон луѓето со попреченост. Некои од прашањата на кои се однесуваат се:
- Пречките со кои се соочуваат лица со попреченост во интегрирањето во општеството
- Перцепциите за правата на лицата со попреченост како основни човекови права
- Поврзани права
- Право да не бидат дискриминирани
- Еднаквост во достоинството и правата
- Право на социјална сигурнос
- Цели
- Да се подигне свеста за некои од секојдневните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост
- Да се развијат вештини за да се одговори на потребите на лицата со попреченост
- Да се промовира емпатија и солидарност
- Материјали
За воведот:
- Лист хартија и пенкало за секој учесник
За дел 2, по пар:
- Пластична кеса во која има лист од зелка или зелена салата, молив, креда, лист (од било кое дрво), обоен лист хартија и шише или конзерва од кој било газиран пијалок
- Една лента за покривање на очите
- Лист хартија и пенкало
За дел 3, по пар:
- 1 картичка за улоги
- Еден лист хартија и пенкало
За дел 4:
- Инвалидски колички, една меѓу осум лица
- Простор за да се постават пречки. (Подобро е во втората просторија, но не е апсолутно неопходно). Пристап до отворен простор би било уште една опција)
- Пречки, на пример, маси и столици, дрвени штици , купови од стари весници итн.
- Еден голем лист хартија или табла и маркери
- Часовник или штоперица
- Подготовка
- Направете карти за улоги. Или изберете една од ситуациите предложени во оваа активност или развијте своја.
- Ако е можно, имајте втора соба каде што може да се подготвите претходно за трката со препреки, или уште подобро - одете на отворено каде ќе можнете да направите препреки на терен со повеќе предизвици.
- Ако поставувате во затворен простор, тогаш користете маси и столици да направите тесни премини и дрвени штици или пак стари весници на подот како замена на вистински тежок терен.
compass-key-date
- 3 ДекемвриМеѓународен ден на лицата со попреченост
Инструкции
Оваа активност е организирана во четири дела: дел 1- вовед, дел 2- прошетка со врзани очи, дел 3-потпишување и дел 4- трка со инвалидска количка.
Дел 1. Вовед (10 минути)
1. Објаснете дека активноста се фокусира на три посебни пречки: слепило, глувонемост и парализа.
2. Поканете ги учесниците да размислат неколку минути за тоа како би сакале - и како не би сакале - да бидат третирани ако би биле со попреченост. Нека запишат неколку клучни зборови.
3. Сега замолете ги учесниците да запишат од што најмногу би се плашеле, ако се со попреченост.
4. Кога ова е направено, побарајте од учесниците да ги превртат своите листови и да се подготват да „влезат во реалноста“.
Дел 2. Одење со врзани очи
1. Замолете ги луѓето да направат парови. Дајте им ги лентите за покривање на очи. Едно лице од секој пар треба да биде инвалидното лице, а другото е неговиот водич. Одговорноста на водичот е да обезбеди безбедност на неговиот партнер за цело време. Смеат да одговорат само на едноставни прашања поврани со безбедноста и тоа само со одговори „да“ или „не“.
2. Побарајте ги водичите да ги поведат своите партнери на 5-минутна прошетка наоколу, вклучително и нагоре или надолу по скали или надвор, ако е можно.
3. По враќањето во собата, водичите ги водат своите партнери на нивните столчиња. Но, има изненадување на столот! Торба! Што има во неа?
4. Слепите играчи треба да ја идентификуваат содржината. Работата на водичите е да ги запишат нивните претпоставки.
5. Потоа „слепите“ нека ги тргнат лентите од очите и нека ги погледнат предметите. Поканете ги партнерите да ги споделат нивните искуства и изненадувања накратко меѓу себе.
6. Дајте им на луѓето неколку минути да излезат од улогите, а потоа да започнат со дел 3.
Дел 3. Потпишување
1. Кажете им на паровите дека треба да се разменуваат; оние кои биле водичите сега се со попреченост, овој пат тие се неми (не можат да зборуваат), а партнерите се помагачи без попреченост.
2. Дајте им по една од картичките за ситуации на секој играч со посебни потреби. Тие не смеат да им ги покажуваат картичките на нивните партнери. Дајте им лист хартија и пенкало на помошниците.
3. Објаснете дека немите играчи треба да им го пренесат проблемот на нивниот помошник. Тие не смеат да зборуваат, пишуваат или цртаат. Помошниците мора да запишат што разбирале и во врска со што била пораката.
4. Кога „немиот“ играч ја искомуницирал најдобро што може, тој/таа треба да му ја покаже картичката со улогата на неговиот/нејзиониот помошник. Поканете ги паровите накратко да ги споделат намерите, проблемите и фрустрациите што ги имале.
Дел 4. Трка со пречки за инвалидски колички
1. Покажете им ја патеката со пречки на учесниците. Објаснете дека победник е оној кој најбрзо ќе го помине кругот. Има казни за удирањето во пречки по патот.
2. На голем лист хартија, запишете ги резултатите.
3. Кога сите кои сакаа да учествуваат ќе поминат на ред, направете кратка пауза и потоа продолжете со резимирање и евалуација.
Резимирање и евалуација
Работете на пленарна сесија. Започнете со разговор за деловите 2, 3 и 4 од активноста, а потоа продолжете со размислувањата за она што лицата знаеле на почетокот и за тоа што го научиле како резултат на нивните искуства.
1. Започнете со прошетката со врзани очи: Прашајте ги двете страни – и оние кои беа со врзани очи и оние што им помагале да ги споделат своите реакции:
- Како се чувствувале во текот на вежбата?
- Што беше најтешко? Што беше смешно? Што беше страшно?
- Колку беше тешко да верувате и да бидете лице од доверба?
2. Потоа продолжете за да го разгледате дел 2, со знаците:
- Како се чувствувал секој од нив за време на вежбата?
- Што беше најтешко? Што беше смешно? Што беше страшно?
- Дали е фрустрирачко да се корсистат знаци и да не се биде разбран?
- Дали е фрустрирачки или непријатно да не се разбере?
3. Следно, разговарајте за трката со пречка за инвалидски колички:
- Како се чувствуваа луѓето доколку не се толку мобилни?
- Што беше најтешко? Што беше смешно? Што беше страшно?
4. Сега разгледајте ги стравовите и очекувањата што луѓето ги изразија на почетокот на вежбата. Побарајте од луѓето да ги погледнат клучните зборови што ги запишале.
- Дали некои од нивните стравови се потврдиле за време на активноста?
- Како лицата се обиделе да им помогнат на своите партнери?
- Како била примена помошта?
- Колку е лесно да се процени колкава помош да се даде?
5. Што ги плаши луѓето ако се со попреченост? На што ги засновале своите стравови? Дали луѓето некогаш се плашеле да не станат со попреченост како резултат на несреќа или болест?
6. Што беше најизненадувачкото нешто што луѓето го научиле преку активноста?
7. Дали луѓето познаваат некој што е слеп, или нем или е врзан за инвалидска количка? Како изгледа нивниот социјален живот? Како другите луѓе реагираат на нив?
8. Погледнете ја околината во зградите и на улиците во близина, колку е „пријателска за хендикепираните“.
9. Што може и треба да се направи за да се обезбеди еднаквост и достоинство на лицата кои се со попреченост?
10. Дали правата на лицата со попреченост, се исто така дел од човековите права? Кои права од Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) се особено релевантни?
11. Што може да направи вашето училиште, здружение или локална младинска група за промовирање на еднаквоста и достоинството на луѓето со попреченост?
Совети за обучувачите
Не ја правете патеката со препреки за дел 4 многу долга. За 2-3 минути е доволно, особено ако имате само две или три инвалидски колички, бидејќи луѓето ќе мора да чекаат да им дојде редот и ќе им се здосади. Доколку ви се потребни инвалидски колички, може да се обидете да ги позајмите од локалната болница или од организација која обезбедува привремена поддршка. Како алтернатива, ќе мора да импровизирате и да им направите на учесниците да имаат физичка попреченост. На пример, со тоа што ќе ги натерате луѓето да носат огромни гумени чизмина погрешни нозе!
Како ќе ја водите активност ќе зависи многу од групата. Направете сите да сфатат дека ќе поминат низ различни „симулации на реалноста“, за време на кои ќе имаат можност да експериментираат со своите чувства и реакции во врска со тоа како е да се биде со попреченост. Објаснете им дека целта не е да му се потсмевате некому, или да му предизвикате непотребен стрес или срам. Работите треба да ги глумат „природно“, а не да претеруваат. Уверете ги луѓето дека во одредени моменти ќе се чувствуваат чудно и несигурно, но ништо шететно или опасно нема да им се случи.
Ако немате време да ги правите сите „симулации на реалноста“, тогаш направете една или две. Искуството да се биде со врзани очи, помеѓу искуствата презентирани во оваа активност, е можеби најпредизвикувачко и најмногу погодува. Затоа, ако треба да изберете еден дел, се препорачува да го изберете овој. Учесниците нека ги сменат улогите, за да и двата имаат искуство на попреченост. Запомнете, во ваков случај да направите нов сет на предмети за идентификација.
Оваа активност е сериозна, но треба да очекувате многу смешни ситуации. Нека ги има. Слободно интервенирајте или коментирајте само ако луѓето прават нешто небезбедно или коментираат потсмевајќи им се на луѓето со попреченост. Може да посакате да го решите ова во евалуацијата и резимирањето со прашања како што се: Кога луѓето се исмеваат со оние со попреченост? Кој го прави тоа и зошто? Кога е во ред да се направи шега за попреченоста на луѓето? Како некој да ја процени границата помеѓу добар хумор и навреда?
Варијации
Можете да симулирате многу други видови на попреченост, на пример помалку видливи, како што се проблеми со учењето или потешкотии со јазикот, во зависност од тоа што им е поблиско на вашата група. Една можност е да се симулираат ситуации на попреченост поради возраста; ова може да придонесе за подигање на свеста на младите кон постарите луѓе и недостатокот на услови за достоинствен живот.
Предлози за следни активности
Ако работите со деца, можеби ќе сакате да го погледнете членот 23 од КДП, кој наведува дека децата со попреченост имаат право на посебна грижа, образование и обука кои ќе им помогнат да уживаатво целосен и пристоен живот. Можете да побарате од групите да дознаат за луѓе во нивната социјална средина (вклучувајќи и семејство) кои страдаат од некој вид на попреченост. Тие би можеле понатаму да истражат до какви услуги и права имаат пристап тие луѓе. Дали има деца со попреченост во младинската група или здружение или во училиштето? Дали може да прават исто како и сите други?Ако не, зошто не?
Ако групата ужива во играње на улоги, можеби ќе сакаат да ја користат активноста "Јас сакам да работам", и да ги истражуваат проблемите во врска со бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост при добивањето работа.
Ако групата сака да разбере како да одговори на „секојдневните“ проблеми на дискриминација од друг вид - дискриминација врз основа на раса, може да ја направат активноста, "Одговарајќи на расизмот".
Идеи за акција
Групата може ќе сака да идентификува ранлива група и да одлучи што може/треба да направи за да ја поддржи. Консултирајте го делот од прирачникот за "Преземање акција" за насоки и идеи. Важно да се работи заедно со организации кои работат со лица со попреченост и да започнат од потребите на лицата со посебни потреби, кои што се дефинирани и идентификувани од страница на лицата со попреченост.
Понатамошни информации
Нивото на грижа и заштитата на правата на лицата со попреченост во голема мерка варира од земја до земја, наводно од економски причини, но во реалноста од причини кои веројатно имаат повеќе врска со сериозноста со која се земаат еднаквоста и социјалната солидарност отколку со било што друго. Ситуацијата варира од земја до земја. На пример, помагала за слух може или може нема да бидат платени од социјалното осигурување. Може да има или да нема посебни одредби за дополнителна телекомуникациска опрема за глувите луѓе и ако некој има потреба од електрична инвалидска количка, тогаш понекогаш заедницата или државата плаќа за неа.
Информации во врска со дискриминацијата на лицата со попреченост може да се најдат во информациите во контекст во Попреченост и дискриминација на луѓето со попреченост..
Прилози
Карти на улоги
Ситуација 1.
Без зборови, обидете се да му објасните на вашиот пријател дека сте биле жртва на насилство. Група на млади деликвенти ве нападнале во паркот, ви ја украле чантата и ве претепале. Прашајте каде е полициската станица.
Вие не можете да зборувате, да пишувате зборови или да цртате на хартија.
Ситуација 2.
Вие сте во кафетерија; можеби на училиште или можеби во кафетерија во еден од Европските младински центри. Објаснете му на готвачот дека не можете да јадете шпагети Болоњезе, бидејќи сте веган: не само што не јадете месо, туку сте вегетаријанец кој не јаде било какви млечни производи (т.е. млеко, јајца или сирење).
Вие не можете да зборувате, да пишувате зборови или да цртате на хартија.
Notes
Оваа активност е предложена од д-р Моника Мадаи, Претседател на Организацијата Заедничка судбина (Közös Sors, унгарска НВО која работи на промовирање на социјална интеграција на лица со попречености лица кои не се со попреченост). Таа е исто така интернационален младински тренер и засегнато лице, со попреченост од раѓање.