Image: Theme 'Poverty' by Pancho

Гигантскиот диспаритет, дуалноста на богатиот и сиромашниот свет е одржувана со сила.
Ален Бадиу

Постои силна врска помеѓу сиромаштијата и човековите права. Виенската декларација и Програма за акција од 1993 г. на Светската Конференцијата за човекови права наведуваат:
Постоењето на широко распространета екстремна сиромаштија го спречува целосното и ефективно уживање на човековите права; нејзиното непосредно ублажување и евентуална елиминација мора да остане висок приоритет за меѓународната заедница.

Нашиот свет е крајно нееднаков. Најбогатиот човек во светот во 2010 година, наводно, заработил 15 милијарди €. Да разбереме колку е шокантна оваа „плата“, да погледнеме во годишен бруто домашен производ (БДП) на некои земји.Во 2009 година, Авганистан со население од 29 милиони, имаа БДП од 10 милијарди евра; БДП на Грузија со население од 4 милиони е 8 милијарди евра.1 Живееме во свет каде што еден милијардер годишно заработува исто толку колку годишното производство на цели земји. Неверојатната нееднаквост и сиромаштијата не зафаќа само региони во развој, туку и богати земји. Во Европа, сè уште имаме бездомници луѓе кои спијат на улиците, семејства кои се иселени затоа што не можат да си дозволат да платат кирија, деца кои не добиваат доволно храна и стари лица кои се борат да ги задржат своите домови топли во текот на зимата. Сиромаштијата не е судбина која не може да се контролира ; тоа е прашање на социјална правда и исполнување на човековите права.

Дефинирање и мерење на сиромаштијата

Сиромаштијата може да се дефинира како човечка состојба на одржливо или хронично лишување од ресурсите, способностите, изборите, безбедноста и моќ потребна за уживање во соодветен животен стандард и другите граѓански,културни, економски, политички и социјални права.
Комитет на Обединетите нации наСоцијални, економски и културни права2

Постојат голем број начини за дефинирање и мерење на сиромаштијата. Разликите во дефинициите и мерењата не само што го претставуваат различниот начини на собирање и анализирање на статистичките податоци, туку исто така водат и до различни пристапи во борбата против сиромаштијата. Сиромаштијата обично се мери како апсолутна или релативна сиромаштија. И во двата случаи, прагот на сиромаштија, или линијата на сиромаштија, е дефинирана а луѓето што спаѓаат под оваа линија се сметаат за сиромашни.

Апсолутна сиромаштија

Апсолутната сиромаштија (исто така наречена екстремна сиромаштија) е недостаток на доволни ресурси за да се задоволат основни живтни потреби, што вклучува меѓу другото и безбедна вода за пиење, храна или канализација. Линијата на сиромаштијата често се пресметува врз основа на приходот: каде приходот на една личност или семејство паѓа под одредено ниво кое се смета за минимално потребно за разумен животен стандард, тогаш оваа личност или семејство се сметаат за сиромашни.

Светската банка во моментов ја дефинира апсолутна сиромаштија како живеење со помалку од 1,25 американски долари (што е околу 0,9 €) на ден.3 Светската банка процени дека во 2005 година имало 1,4 милијарди луѓе кои живееле во апсолутна сиромаштија. Бројките за апсолутна сиромаштија наведени од Светска Банка без сомнение се најчесто цитирани во масмедиумите како и користени од владите и невладините организации. Сепак, додека Светската банка тврди дека апсолутната сиромаштија од 1980-тите години се намалува, голем број истражувачи4 ја критикуваа методологијата за мерење на Банката и изјавија дека бројките на апсолутата сиромаштија се потценети.

Селаните од Ла Виа Кампесина се мобилизираат против продлабочување на сиромаштијата

Во мај 2010 година претставници на Ла Виа Кампесина од Европа и Латинска Америка им се придружија на демонстрантите во Мадрид, барајќи прекинување на преговорите за потпишување договори за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите од Латинска Америка. Учесниците во кампањата тврдат дека ваквите договори ќе бидат од корист за транснационалните корпорации, и дека ја продлабочуваат сиромаштијата. Ла Виа Кампесина се спротиставува на неолибералните политики на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Светската трговска органицација и смета дека само пристапот заснован на човекови права може да ги реши гладот, сиромаштијата и климатските промени.

Релативна сиромаштија

Меѓународното движење на селаните Ла Виа Кампесина ги претставува земјоделците од 70 земји од Африка,С и Ј. Америка, Азија и Европа.
www.viacampesina.org

Во Европа, сиромаштијата генерално се сфаќа како релативна сиромаштија, при што личност или домаќинството се смета за сиромашно кога нивниот приход и ресурси се полоши од она што се смета дека е соодветно или социјално прифатливо за општеството во кое тие живеат. Сиромашните луѓе честопати се исклучени од учество во економските, социјалните и културните активности што се сметаат за норма за другите луѓе и нивното уживање на основните права може да бидат ограничени.5 Фактот што европските земји имаат тенденција да се обраќаат со релативните прагови на сиромаштијата кога разговараат за прашањата на сиромаштијата не значи дека никој во овие општества не живее во апсолутна сиромаштија. На пример, 25% од децата во југо-источна Европа и во Независните држави на Комонвелтотот живеат во апсолутна сиромаштија.6

Да се живее во сиромаштија може да предизвика ...

- изолација од семејството и пријателите
- чувствство на немоќ и исклученост со мала контрола врз одлуките што влијаат на вашиот секојдневен живот
- немање информации за поддршка и достапните услуги
- имање проблеми со задоволување на основните потреби, вклучително и пристап до пристојно домување, здравствени услуги и училишта и можности за доживотно учење
- живеење во небезбедна населба со високи нивоа на криминал и насилство и лоши услови на животната средина, или подалечни и изолирани рурални области - да не може да си дозволат основни комунални услуги како вода, топлина и електрична енергија или да купат здрава храна или нова облека или да користат јавен превоз
- да не можат да си дозволат да купат лекови или да посетат стоматолог
- живеење од ден на ден без заштеда или резерви за време на криза како што се губење на работа или разболување
- да бидат експлоатирани и присилени на нелегални ситуации
- да искусуваат расизам и дискриминација
- неможност да се учествува во нормален социјален и рекреативен живот, како што е одење во кафуле, кино или спортски настани или посета на пријатели или купување роденденски подароци за членовите на семејството.

Прилагодено од Европската мрежа за борба против сиромаштијата (ЕМБПС)  http://www.eapn.eu

Човечки развој - нов пристап кон сиромаштијата

Човечкиот развој, како пристап, се занимава со она што јас го земам да биде основна развојна идеја: имено, унапредување на богатството на животот на човекот, отколку богатството на економијата во која човечките суштества живеат, е само дел од тоа.
Амартја Сен

Може да ги најдете Извештаите за развој на човекот на www.hdr.undp.org/en/

Доминантниот поглед од 1980-тите години, што ја сметаше сиромаштијата како лишување од приходи, а стратегиите за намалување на сиромаштијата поврани со економскиот раст, беше остро критикуван од страна на голем број научници кои веруваа дека ослободувањето од сиромаштијата е многу повеќе од пристап до богатство. Беше предложен нов пристап за намалување на сиромаштијата заедно со нов метод за мерење на развојот. Индексот за човечки развој е компаративна мерка на различни параметри кои влијаат на квалитетот на животот во една земја, на пример, животниот век, писменоста, образованието, животниот стандард, родовата еднаквост и благосостојба на децата. Индексот за човечкиот развој се објавува во годишниот Извештајот за човечкиот развој кој е побаран од Програмата за Развој на Обединетите Нации.

Човекови права и сиромаштија

Сиромаштијата може да биде и причина и резултат на кршење на човековите права, што значи дека не само неисполнувањето на човековите права може да предизвика сиромаштија, ами исто така дека и самата сиромаштија може да го зголеми кршењето на човековите права. Државите имаат законски обврски кон луѓето што живеат во сиромаштија; сите овие обврски потекнуваат од социјалните, економските, културните, граѓанските и политичките права што луѓето ги имаат. Меѓународениот пакт за економски, социјални и културни права објаснуваат дека сите права треба да бидат исполнети „индивидуално и преку меѓународна помош и соработка “. Ова значи дека не постои само национална одговорност туку и меѓународна одговорност на развиените држави, како и на другите кои се„во позиција да помогнат“ во искоренувањето на сиромаштијата. Затоа, елиминацијата на сиромаштијата не е прашање на добротворни цели или добра волја на најбогатите држави; тоа е прашање на исполнување на обврските на човековите права.

Кампања „Барање на достоинство“ 

Во 2009 година, Амнести Интернешнл започна кампања наречена „Побарај достоинство“. Кампањата, се планираше да трае најмалку шест години, ги мобилизира луѓето да бараат одговорност од националните и меѓународните актери за злоупотреба на човековите права кои ја продлабочуваат сиромаштијата и ги чуваат луѓето заробени во немаштија. Меѓународни и локални настани на кампањата вклучуваат работилници, концерти, изложби на фотографии, конференции, петиции и многу друго. Дознајте повеќе за кампањата и за тоа како да преземете акција на www.amnesty.org, или од вашата локална веб-страница на Амнести Интернешнл.

Ако сте дојдени да ми помогнете, вие го трошите вашето време. Но, ако дојдовте затоа што вашето ослободување е поврзана со моето,тогаш ајде да работиме заедно.
Лила Вотсон, домородка Австралијанка визуелен уметник

Прашање: Треба ли развиените земји да бидат одговорни ако не успеат да помогнат во борбата против сиромаштија?

Човековите права се од особено значење за намалување на сиромаштијата

Со оглед на неделивоста, меѓусебната поврзаност и меѓузависноста на човековите права, сите човековите права се значајни за искоренување на сиромаштијата. Сепак, некои права се утврдени дека се од особено значење во овој контекст. Предлог Упатства публикувано од ООН: Пристапот од човекови права кон стратегии7 за намалување на сиромашијата советува фокусирање за следниве човекови права при планирање на политики за намалување на сиромаштијата:

Право на здравје. Лошата здравствена состојба може да биде и причина и последица на сиромаштијата. Лошата здравствена состојба може да влијае на постигнувањето на децата на училиште, работната продуктивност, може да резултира во невработеност и може негативно да влијае на можноста за учество во социјалниот и културниот живот. Во исто време, животот во сиромаштија може да доведе до неухранетост, зголемена изложеност на нездрава животна средина и ограничен пристап до медицински услуги што можат да предизвикаат лошо здравје.

Право на образование. Образованието е едно од најдобрите долгорочни решенија за сиромаштијата. Со помош на образованието, сиромашните деца и возрасните можат да развијат компетенции неопходни за да излезат од сиромаштијата.  

Улични библиотеки

Во 2007 година, (Сите заедно во достоинство) СЗД Четврт свет го започнаа проект на улична библиотека во Полска. Секоја недела тим на аниматори оди во Центарот за Чеченските бегалци во Варшава, каде околу 350 семејства престојуваат во станбени блокови додека чекаат одлука за тоа дали ќе им биде дозволено да останат во Полска или ќе бидат испратени назад во Чеченија. Некои од децата не одат на училиште; тоа е причината зошто тимот на аниматори отворија улична библиотека во нивната населба. Може да дознаете повеќе за овој проект на www.atd-fourthworld.org

Ме загрижува немањето на работа. Моите децата беа гладни и јас им реков дека оризот се готви, сè додека не заспаа од глад..
Постар човек од Бедса,Египет8

Право на пристојна работа. Несоодветната и несигурна егзистенција создава сиромаштија. Како последица на ограничените можности за работа, сиромашните луѓе честопати добиваат привремени, нископлатени, недокументирани работни места и работат во небезбедни и нездрави услови. Тие се повеќе ранливи на несоодветно постапување и малтретирање од страна на вработените и имаат помалку можности да бараат надомест отколку другите. Многу од нив се заробени во опасна и нелегална работа како што се сексуална работа, детски труд, работа за откуп на долг и други практики слични на ропство.

Прашање: Дали минималната плата во вашата земја е доволна за да живеете достоинствено?

Право на образование. Образованието е едно од најдобрите долгорочни решенија за сиромаштијата. Со помош на образованието, сиромашните деца и возрасните можат да развијат компетенции неопходни за да излезат од сиромаштијата. 

Време е да размислуваме глобално, а да дејствуваме локално

Развиените земји не се имуни на глад и неухранетост. Во 2009 година, 115 милиони луѓе во Европската Унија беа изложени на ризик од сиромаштија.10 Една од иницијативите во борба против гладот и фрлањето на храна е Европската федерација на банки за храна (ФЕБА), која заедно обединува 240 банки со храна во Европа. Во 2010 година, Европската банка за храна собра 359.960 тони храна и ги дистрибуираше на 4,9 милиони луѓе во соработка со други организации и социјални услуги. Банките за храна ја поврзуваат борбата против сиромаштија за храна, исклучување и отпад и повик за солидарност. Сите членови на тимот на ФЕБА се волонтери кои претходно имале различни должности во бизнисот, јавните услуги и здруженија.
Најдете ја вашата локалната банка за храна www.eurofoodbank.eu

Прашање: Дали во вашата заедница има луѓе кои не можат секогаш да си дозволат три оброци на ден?

Иако светот произведува доволно храна за да се нахранат сите, во 2011 година скоро 1 милијарда деца,мажи и жени одат во кревет гладни секоја вечер.
Извештај за светски катастрофи9

Право на соодветно домување. Правото на соодветно домување е право на секој да стекне и одржува сигурен и безбеден дом во кој ќе живее во мир и достоинство. Повеќето сиромашни живеат во неповолни области во несоодветно домување или се соочуваат со немање дом (бездомност). Може да се соочат со проблеми од пренатрупаност, загадување, бучава и може да немаат пристап до вода за пиење, канализација или греење. Сиромашните луѓе честопати живеат во оддалечени и небезбедни области што обично се стигматизирни од другите. Несоодветно домување и бездомноста се резултат на сиромаштијата и може да доведе до подлабоки лишувања и исклучувања.

Криминализација на бездомништво

Во 2011 година, унгарскиот парламент гласаше за закон со кој се дозволува затворање на оние што се прогласени за „виновни“ заради спиење на јавнен простор двапати во период од шест месеци. Во интервју, унгарскиот министер за внатрешни работи рече дека владата „ќе ги исчисти јавните простори од питачи и од сите оние кои ве ставаат во лошо расположение… “11. Новиот закон, со кој повтореното престојување на јавни места се смета за прекршок, беше донесен и покрај фактот дека соодветни услуги не им се достапни на луѓето без соодветно домување во многу градови наУнгарија.

Сиромаштијата е како да живееш во затвор, да живееш во ропство, чекајќи да бидеш ослободен.
Лице од Јамајка12

Прашање: Како прашањето за бездомност се решава во вашата заедница?

Таму каде што нема безбедност, таму не е живот.
Едно лице од Сомалија13

Право на лична безбедност. Сиромашните луѓе обично се соочуваат со повеќе форми на несигурност. Покрај тоа што соочуваат со финансиска, економска и социјална несигурност, тие честопати се предмет на смртни закани, вознемирување, заплашување, дискриминаторски третман и физичкона силство од државни и недржавни актери. Обично живеат во области со поголеми криминални стапки и се помалку заштитени од полицијата.

Право да се појави во јавноста без срам. Право да се појави во јавноста без срам произлегува од неколку други човекови права, како што е правото на приватност, соодветна облека, да учествуваат во културниот живот и да живеат во достоинство. Сиромашните луѓе честопати се маргинализирани и исклучени. Живеењето во сиромаштија може негативно да влијае на самодовербата на една личност и да ја попречи нивната способност да се појават во јавноста без срам и да учествува активно во социјалниот и културниот живот.

Банка која им позајмува само на сиромашните

Во 2006 година, Нобеловата награда за мир беше заедничка доделена на Мухамед Јунус и Grameen Bank „за нивните напори да создадат економски и социјален развој оддолу“. Grameen Bank- ата е основана од Јунус во Бангладеш во 1976 година. Банката работи исклучиво за сиромашните и повеќето нејзини должници се жени. Обезбедува долгорочен микро-кредит без да се бара гаранција. Целта на програмата е да обезбеди финансиски услуги на сиромашните за да им помогне да најдат достоинствен живот и да обезбедат образование за своите деца. Дури и питачи можат да добијат мали заеми без камати.

Право на еднаков пристап до правдата. Сиромашните се особено ранливи на дискриминација во спроведувањето на правдата. Сиромашните луѓе честопати не се во можност да добијат судска заштита, затоа што немаат доволно пари да платат за правно застапување. Во случаи кога e достапна бесплатна правна помош, на сиромашните луѓе сè уште може да им недостигаат потребните информации и доверба за да бараат правда пред судот. Покрај ова, искуството покажува дека сиромашните луѓе се почесто отколку другите обвинети за криминално однесување и нивната гаранција за презумпција на невиност е поверојатно дека нема да биде испочитувана. 

Прашање: Дали мислите дека една сиромашна и една богата личност уживаат еднаква заштита во судовите во вашата земја? Ако не, како би можело да се обезбеди еднаква заштита?

Сиромаштијата е болка; се чувствува како болест. Напаѓа лице не само материјално, туку и морално. Таа го јаде достоинството и води во тотален очај.
Жена од Молдавија14

Политички права и слободи. Како резултат на дискриминација, сиромашните луѓе честопати немаат информации, можности и вештини што се неопходни за активно учество во политичко донесување на одлуки. Тие се исклучени или недоволно застапени во политичките тела. Уживањето во политичките права и слободи за сиромашните луѓе е неопходно во борбата против социјалното исклучување, маргинализација и сиромаштија.

Прашање: Како се застапени интересите на сиромашните луѓе во донесувањето одлуки во вашата заедница?

Човеково право на развој

Декларацијата за Правото на развој усвоена од Генералното собрание на ООН во 1986 година беше првиот меѓународен инструмент кој се однесуваше исклучиво на правото на развој. Документот нуди пристап врз основа на човековите права кон развојот и кон искоренување на сиромаштијата. Независниот експерт на Обединетите нации за право на развој, д-р Арџун Сенгупта, изјави дека елиминацијата на сиромаштијата е суштински елемент во унапредувањето и реализација на развојот како човеково право и дека зголемениот пристап до нештата како што се здравје, образование, домување и исхрана треба да им се обезбедат на сиромашните со цел да се зголеми нивната способност да излезат од сиромаштија. Сенгупта понатаму објаснува дека правото на развој (RtD) може да се сфати како вектор на различни права, вклучувајќи го правото на храна, правото на здравје, правото на образование, право на дом и други економски, социјални, културни, како и граѓански и политички права заедно со економскиот раст (G). Правото на развој ќе се оствари само доколку се подобрат сите човекови права (HR) или ако барем едно се подобрува, а ниедо друго не е прекршено. Ако некои права се подобрат додека некои од другите се влошуваат, нема да биде можно да се обезбеди подобрување на правото на развој..16

Правото на развој

1. Правото на развој е неотуѓиво човеково право, врз основа на кое секој човек и сите луѓе лице имаат право да учествуваат, да придонесуваат и да уживаат економски, социјален, културен и политички развој, во кој сите човекови права и основни слободи можат целосно да се реализираат.
Член 1 од Декларацијата за Правото на развој15

Сиромаштија и Милениумските
Развојни цели (МРЦ)

Следете го напредокот на Милениумски развојни цели на http://www.un.org/millenniumgoals/

Финалниот извештај на ООН за Милениумските развојни цели (МРЦ) известува за статусот на сиромаштија во светот во 2015 година:

Екстремната сиромаштија значително се намали во последните две децении. Во 1990 година, скоро половина од населението во светот во развој живееше на помалку од 1,25 долари на ден; тој процентот падна на 14 проценти во 2015 година.Екстремната сиромаштија значително се намали во последните две децении. Во 1990 година, скоро половина од населението во светот во развој живееше на помалку од 1,25 долари на ден; тој процентот падна на 14 проценти во 2015 година.

  • На глобално ниво, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија се намали за повеќе од половина, паѓајќи од 1,9 милијарди во 1990 година на 836 милиони во 2015 година. Најголем напредок се случи од 2000 година.
  • Бројот на луѓе во среднатa работничка класа - кои живеат на повеќе од 4 долари на ден – се зголеми скоро тројно меѓу 1991 и 2015 година. Оваа група сега сочинува половина од работната сила во регионите во развој, што претставува само 18% во 1991 година.
  • Процентот на недоволно нахранети ( потханети ) луѓе во регионите во развој падна за речиси половина од 1990 година, од 23,3 проценти во1990-1992 на 12,9 проценти во 2014-2016 година.

Јасно е, дека работата треба да се заврши. Така, на 25 септември 2015 година, Генералното собрание на ООН ја усвои Агендата за развој до 2030 година со наслов, Трансформирање на нашиот свет: 2030 Агендата за одржлив развој (Резиме на сите ОРЦ може да се најде под Дополнителен информации за активноста,„ Колку нам ни е потребно?“)

Одржливата развојна цел (ОРЦ) 1 е „ Да се стави крај на сиромаштијата во сите форми насекаде до 2030 година“. Постојат пет цели:

  • 1.1 до 2030 година, искоренување на екстремната сиромаштија за сите луѓе насекаде, која во моментов се мери како живеење на луѓето со помалку од 1,25 долари на ден 
  • 1.2 до 2030 година, намалување барем за половина од процентот на мажи, жени и деца од сите возрасти кои живеат во сиромаштија во сите нејзини димензии според националните дефиниции
  • 1.3 Имплементирање на национално соодветни системи и мерки за социјална заштита за сите, вклучително и домување и до 2030 година ќе се постигне значително покривање на сиромашните и ранливите 
  • 1.4 до 2030 година, да се осигура дека сите мажи и жени, особено сиромашните и ранливите, имаат еднакви права на економски ресурси, како и пристап до основни услуги, сопственост и контрола врз земјиштето и други форми на имот, наследство, природни ресурси, соодветна нова технологија и финансиски услуги, вклучително и микрофинансирање
  • 1.5 до 2030 г., градење на резилиентоност кај сиромашните и оние во ранливи ситуации и намалување на нивната изложеност на екстремни настани поврзани со климата и други економски, социјални и еколошки шокови и катастрофи

Се повеќе се признава дека човековите права се неопходни за постигнување одржлив развој. МРЦ служеа како фактор за одредени економски и социјални права, но ги игнорираа другите важни врски за човековите права. Спротивно на тоа, принципите и стандардите за човекови права сега силно се рефлектираат во новата амбициозна глобална развојна рамка, 2030 Агенда за одржлив развој. Засновано во меѓународното право за човекови права, агендата нуди сериозни можности за понатамошно унапредување на реализацијата на човекови права за сите луѓе насекаде, без дискриминација.

Следното е резиме на врските помеѓу ОРЦ 1 (без сиромаштија) и меѓународните инструменти за човекови права:

  • Право на соодветен животен стандард [УДЧП чл. 25; МПЕСКП чл.. 11; КПД чл.. 27]
  • Право на социјално осигурување [УДЧП чл. 22; МПЕСКП чл. 9; КПЛПП чл. 28; КПД чл. 26]
  • Еднакви права на жените во економскиот живот [КЕСФНЖ чл. 11, 13, 14 (2) (е), 15 (2), 16 (1)] (http://www.ohchr.org) 

Подеталните врски може да се најдат во Водичот за човекови права на одржливи развојни целите (ОРЦ) развиен од Данскиот институт за човекови права (www.humanrights.dk). Го открива прицврстувањето на човековите права за сите 17 цели и 169 таргети, како и соодветноста на глобалните индикатори. Упатството им овозможува на актерите да ги користат човековите права како двигател за реализирање на ОРЦ да ги остварат човековите права.

Споделување на светските ресурси е невладина организација која се залага природните ресурси како што се нафтата и водата одржливо да се управуваат поради интерес на глобалната јавност, како и основните производи и услуги како што се храна, соодветно домување и здравствена заштита, да бидат достапни за сите. Дознајте повеќе на: www.stwr.org

Младите луѓе и сиромаштијата

Доказите од многу земји упорно покажуваат дека младите луѓе кои растат во сиромаштијата се генерално поранливи: тие поверојатно ќе имаат лошо здравје, потешкотии во учењето и однесувањето, лоши резулати на училиште, порано да забременат, да имаат пониски вештини и аспирации и да бидат ниско платени, невработени и зависни од социјална помош. Сиромаштијата директно придонесува за негирање на нивните други човекови права: може да им го одземе правото на образование, на здружување, на одмор и рекреација, на учество во заедницата и други граѓански и политички права.

Според Евростат - статистичката база на податоци на Европската Унија - повеќе од 20% од децата и младите на возраст под 24 години живееле во ризик од сиромаштија во 2010 година во ЕУ. Тоа значи дека еден од пет млади луѓе живее во домаќинство со приход помалод 60% од националниот просечен приход.18

Во 2010 година, Европскиот младински форум во својот Политички документ за младите и сиромаштијата идентификуваше отежната транзиција кон самостоен живот на возрасни како една од најголемите причини за сиромаштијата кај младите во Европа. Весникот забележува дека младите кои го напуштаат домот на своите родители е поверојатно дека ќе станат сиромашни19. Оние кои живеат со нивните семејства или во паровите без деца имаат помал ризик од сиромаштија отколку младите кои живеат сами или како самохрани родители. Во истражувањето на Евробарометар спроведен кај луѓе на возраст од 15-30 години20, мнозинството ги споменало финансиските причини заради кои младите возрасни остануваат со своите семејства подолго од порано.

Влези! (Enter!) - Пристап до социјални права за сите млади

Младинскиот сектор на Советот на Европа во 2009 година го започна проектот „Влези!“ (Enter!) за промовирање на социјално вклучување на младите луѓе. Проектот вклучуваше долгорочен курс за обука, кој на 33 младински лидери и младински работници им обезбеди компетенции за поддршка на млади од посиромашните средини за да пристапат до нивните социјални права. Учесниците исто така развија конкретни проекти за млади луѓе во нивните заедници, вклучително и градење на капацитети, антидискриминација во училиштата, иницијативи за де-гетоизација и борба против насилство.
Дознајте повеќе н www.coe.int/enter

Прашање: Што можете да направите вие лично за да ја намалите сиромаштијата во вашата заедница?

Акции на Советот на Европа за намалување на сиромаштијата

Европската социјална повелба е мониторирана од Европскиот комитет за социјални права.

Советот на Европа се бори против сиромаштијата преку зајакнување на социјалната кохезија и спречување и борба против социјалната исклученост. Европската конвенција за човекови права, која ги гарантираат граѓанските и политичките човекови права, се надополнува со Европската социјална повелба (ЕСП), усвоена во 1961 година и ревидирана во 1996 година, која гарантира социјални и економски човекови права. Според член 30, „Секој има право на заштита од сиромаштија и социјална исклученост “.

Кршење на правото за домување

Во 2006 година, Европската федерација на национални организации кои работат со бездомници (FEANTSA) поднесоа тужба против Франција (Колективна жалба бр. 39/2006), тврдејќи дека Франција не успеала да го примени правото на домување за сите, особено за најранливите. Европскиот Комитет за социјални права најде дека Франција го крши правото на домување предвидено во член 31 на Ревидираната Европска социјална повелба. Комитетот ја заснова својата одлука21  врз шест основи, вклучително и „лошата примена на постојните мерки во врска со: несоодветни услови за домување; спречување на иселување; намалување на бездомништвото; обезбедување социјални станови за најзагрозените; давањена социјално домување; и дискриминација против патниците “22

Честопати ме прашуваат што е најсериозната форма на кршење на човековите права во светот денес, и мојот одговор постојано е: екстремната сиромаштија.
Мери Робинсон, поранешна Висока комесарка на човекови права на ООН

Како ропството и апартхејдот, и сиромаштијата не е природна. Таа е создадена од човекот и може да се надмине како ропството и апартхејдот, сиромаштијата не е природна. Таа е создадена од човекот и може да бидат надмината и искоренета со постапки од луѓето.Нелсон Мандела

Известувачот Лука Волонте во 2011 година го извести Парламентарното собрание дека сиромаштијата и социјалното исклучување неодамна се зголемиле во земјите-членки на Советот на Европа, претставувајќи закана за целосното уживање на основните човекови права на поголем бројна луѓе и на социјалната кохезија на Европските општества. Тој ги потсети дека сиромаштијата може ефикасно да се искорени само преку зајакнување на сиромашните.23 Врз основа на овој извештај, Собранието усвои Резолуција во која ги повикува земјите-членки „да го слушнат гласот на луѓето кои живеат во сиромаштија: да размислат за развој на нови форми на управување и учество за зближување и зајакнување на луѓето и заедниците погодени од сиромаштија и да промовираат социјална вклученост за сите ... “.24 „Агенда 2020“25, Клучениот документ на Советот на Европа за младинската политика ја потенцира важноста за пристапот до образование, работа, пристојни услови за живеење, културни, спортски и креативни активности како и меѓугенерацискиот дијалог и солидарноста како главни средства за социјално вклучување.

Фусноти

1 Споредба заснована врз податоците на Forbes.com и податоците на Светската банка data.worldbank.org
2 Сиромаштија и меѓународен пакт за економски, социјални и културни права, E/C.12/2001/10., 2001 www.unhchr.ch/tbs/doc.nsf/%28Symbol%29/E.C.12.2001.10.En
3 Оваа сума се утврдува врз основа на „паритетот на куповната моќ“, што значи колку локални пари потребно е да се купи истиот пакет на производи што 1,25 долари би можеле да ги купат во САД.
4 Види Реди Сањај Г. и Погџ Томас В., 2005 година, Како да не се брои сиромашниот, Универзитет Колумбија, верзија 6.2.3. 29 октомври.
5 Врз основа на дефиницијата на Европската комисија за сиромаштија објавена во Заедничкиот извештај за социјална вклученост 2004 година.
6 Сети Динеш и др., Европски извештај за спречување на повреда на деца, 2009 година, www.euro.who.int/__data/assets/pdf_file/0003/83757/E92049.pdf 
7 Канцеларија на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, принципи и упатства за човекот Пристап до правата на стратегиите за намалување на сиромаштијата, HR / PUB / 06/12
8 Нарајан Дипа и др., Извикувајќи за промена, Гласови на сиромашниот том II, 2000 година, Светска банка, стр 34; http://siteresources.worldbank.org/INTPOVERTY/Resources/335642-1124115102975/1555199-1124115201387/cry.pdf  
9 Најт Линдзи (ед.) Извештај за светски катастрофи, 2011 година, Меѓународна федерација на здруженија на Црвен крст и црвена полумесечина www.ifrc.org/PageFiles/89755/Photos/307000-WDR-2011-FINAL-email-1.pdf
10 Врз основа на податоците на Евростат
11 Хаут Гергели, Пинтер Сандор: Нем Исмерек табутемет, Маѓар Харлап Интернет, 27 јули 2010 година (на унгарски) www.magyarhirlap.hu/interju/pinter_sandor_nem_ismerek_tabutemat.html
12 Извика за промена, видете го погоре, стр. 236
13 Извика за промена, видете го погоре, стр 152
14 Може ли некој да нar слуша ?, види погоре, стр 6
15 www.un.org/documents/ga/res/41/a41r128.htm
16 Сенгупта Арјун, Право на развој, Извештај на независниот експерт за правото на развој www.unhchr.ch/Huridocda/Huridoca.nsf/0/78e0cb0e6e6ea624c1256961004f7a98/$FILE/G0015327.pdf
17 Одржување на ветувањето: обединети за постигнување на милениумските развојни цели, 2010 година, Резолуција на Генералното собрание на ООН; www.un.org/en/mdg/summit2010/pdf/outcome_documentN1051260.pdf
18 Евростат http://epp.eurostat.ec.europa.eu/portal/page/portal/income_social_inclusion_living_conditions/data/main_tables
19Документ за политика за млади и сиромаштија, Европски младински форум, 2010 година;
www.endpoverty.eu/IMG/pdf/eyf-young-people-poverty-en.pdf
20 Анкета кај млади луѓе на возраст меѓу 15-30 години во Европската унија - Резиме, Флеш ЕБ бр. 202, 2007 година, http://ec.europa.eu/public_opinion/flash/fl_202_sum_en.pdf
21Резолуција CM / ResChS (2008) 8 на Комитетот на министри, https://wcd.coe.int/ViewDoc.jsp?Ref=CM/ResChS%282008%298&Language=lanEnglish&Ver=original&Site=CM&BackColorInternet=C3C3C3&BackColorIntranet=EDB021&BackColorLogged=F5D383
22 Права за домување: Пресуда за чекор напред од страна на Советот на Европа, соопштение за печат, 5 јуни 2008 година, ФЕАНЦА, www.feantsa.org/files/housing_rights/Instruments_and_mechanisms_relating_to_the_right_to_housing/Collective%20complaints/2008June_PR_FEANTSAvsFrance.pdf
23 Волонте Лука, Борба против сиромаштијата, Док. 12555; http://assembly.coe.int/Main.asp?link=/Documents/WorkingDocs/Doc11/EDOC12555.htm#P18_58
24 Борба против сиромаштијата, Резолуција 1800 (2011) на парламентарното собрание
http://assembly.coe.int/Main.asp?link=/Documents/AdoptedText/ta11/ERES1800.htm http://assembly.coe.int/Main.asp?link=/Documents/AdoptedText/ta11/ERES1800.htm - P7_33
25 Иднината на младинската политика на Советот на Европа: АГЕНДА 2020 година, Декларација на 8-та конференција на министри на Советот на Европа одговорна за млади, 2008 година; www.coe.int/t/dg4/youth/Source/IG_Coop/Min_Conferences/2008_Kyiv_CEMRY_Declaration_en.pdf