Секој има одговорност да го следи и да се бори со расното вознемирувања и расистичките инциденти!

Преглед

Во оваа активност учесниците играат улоги во критичен инцидент за да истражуваат прашања за:

  • Расизам, стереотипи и културни разлики
  • Застапеност на некои форми на расизам и предрасуди, особено против Ромите
  • Како да се справиме со расизмот во училиште или во друга образована организација.
Поврзани права
  • Еднаквост во достоинството и правата
  • Слобода од дискриминација
  • Слобода на мисла, совест и религија
Цели
  • Да се продлабочи разбирањето за културните разлики и институционалниот расизам
  • Да се развијат вештини за демократско учество, комуникација и соработка
  • Да се промовира одговорност, правда и солидарност
Материјали
  • Големи листови хартија или флипчарт и маркери
  • 4 волонтери за да играат улоги
  • Картички за улоги
  • Картичка за критичен инцидент
  • Упатства за фасилитаторите
  • Копии од политиката на училиштето и упатства за расни инциденти; доволно да се сподели една помеѓу двете групи
  • Копии од материјалот „Некои практични точки за разгледување“ или запишете ги точките на голем лист хартија
  • Хартија и пенкала
Подготовка
  • Разгледајте го критичниот инцидент и ако е потребно, прилагодете го на вашата ситуација.
  • Изберете четворица доброволци и побарајте од нив да подготват многу кратки улоги базирани на критичниот инцидент за да им го претстават на останатите од групата.
  • Направете 5 копии од картичката за критичен инцидент (по една за секој што игра улога и една за фацилитаторот).
  • Направете копија од упатствата за фацилитаторот.
compass-key-date
  • 21 МартМеѓународен ден за елиминација на расна дискриминација (Ден на анти - расизам) скриминација (Ден на анти-расизам)

Инструкции

Оваа активност е во два дела: Дел 1 е преглед на она што го разбираме со поимот расизам; Дел2  вклучува изработка на политика за справување со расистички инциденти во вашето училиште, клуб или организација.

Дел 1.Преглед:што подразбираме под поимот расизам?
1. Започнете ја активноста со бура на идеи за “расизам”.
2. Расистички инциденти и потенцијални интеркултурни недоразбирања се случуваат секој ден. Со бурата на идеи размислувајте кои видови на секојдневни инциденти и однесување, луѓето ги идентификуваат како расистички.
3. Побарајте четири волонтери да изиграат улоги. Дајте им ги картички за улога и копија од критичниот инцидент идајте им 15 минути за да се подготват.
4. Објаснете дека сите други се набљудувачи. Поделете им хартија и пенкала и објаснете им дека ќе гледаат три кратки сцени. Ќе има кратки паузи помеѓу за да може набљудувачите да ги запишат клучните зборови со кои го сумираат нивниот одговор.
5. Побарајте од волонтерите да ја изиграат улогата.
6. На крајот, спроведе краток разговор за коментарите:
a. Што напишале луѓето за време на првата пауза? Што ги наведе учесниците на нивните заклучоци?
б. Што напишале луѓето за време на втората пауза? Што ги навело на тие заклучоци?
в. Што луѓето сфатија на крајот? Кои претпоставки ги правеа?
7. Продолжете да разговарате за тоа што луѓето мислеа за наставниците, таткото на Ѓула и класниот раководител можеле - или требало - да направат за да се обезбеди правичен исход?

Дел 2. Изработка на политика за справување со расистички инциденти
1. Објаснете дека целта на овој дел од активноста е да се развијат насоки за тоа како треба да се справиме со расистичките инциденти и да изготват нацрт политика за училиштето.
2. Спроведете кратка бура на идеи за различните групи луѓе во училиштето, на пример ученици, наставници, класен раководител, персонал за чистење, библиотекари, возачи на училишни автобуси, надзорен персонал, на пример, чувари на игралишта.
3. Потоа, побарајте од учесниците да се поделат во мали групи од по четири или пет лица да ги разгледаат должностите и одговорностите на различните членови на училиштето во врска со расистичките инциденти. Дајте им на групите 30 минути за нивна дискусии и за да подготват извештај со клучните точки на флипчарт.
4. Замолете ги учесниците да се вратат на заедничката група за да известат за нивната работа. Обучувачот треба да направи резиме на точките на флипчарт или на табла.
5. Побарајте од учесниците да ги разгледаат правилата или насоките кои веќе постојат во нивното училиште.Што треба да се ажурира?
6. Сега поттикнете ги учесниците да работат на развивање на политиката. Секоја мала група нека работи на еден аспект (чекор или мерка). На пример: ако е потребен генерален став на училиштето за расизмот и дискриминацијата, тогаш една група треба да биде задолжена да го напише. Групите треба исто така да дискутираат за начините на кои ќе ги презентираат своите резултати на пленарната седница, на пример, со користење не само на напишаното туку и слики, колажи и скулптури со телото, за подобро да ги пренесат нивните чувства.
7. На пленарната седница, замолете ги групите да ги соопштат нивните резултати и да дискутираат за тоа како да ги имплементираат нивните идеи.

Резимирање и евалуацијаGoto top

Започнете со преглед на самата активност и за кои човекови права станува збор, а потоа продолжете да разговарате за тоа што научиле и што треба да направат понатаму. • Колку е распространет расизмот во вашето училиште и воопшто во општеството?

  • Дали знаете за некакви расистички инциденти кои се случиле во вашето училиште или во заедница?
  • Дали некои групи се засегнати почесто од другите? Кои? Зошто? Дали пред дваесет или педесет години беа засегнати истите групи?
  • Како се третираат Ромите во вашата земја и во други земји во Европа?
  • Какви стереотипи имате за Ромите? Од каде/како доаѓаат овие стереотипи? Како може да се соочат со нив? 
  • Кои човекови права се во прашање во критичниот инцидент?
  • Дали се промениле идеите на учесниците за тоа што претставува расистички инцидент како резултат на учеството во актвноста? Како? Издвоите примери.
  • Чија одговорност е да се осигура дека расистички инциденти нема да се случуваат во вашето училиште или организација?
  • Да се има политика за справување со расистички инциденти е важно, но не е ли подобро таа воопшто да не е потребна? Што може и треба да се направи за да се посочат причините за расистичко однесување, како во училиште, така и во општеството.

Совети за обучувачите Goto top

Бидете свесни за потекото на членовите на групата и прилагодете ја активноста соодветно. Луѓето ќе бидат повеќе ангажирани ако се занимаваат со прашања кои се реални за групата. Од друга страница, треба да бидете подготвени заемоциите што како резултат можат да се појават. Важно е да се обрне внимание на чувствата на оние учесници кои сметаат дека тие самите биле дискриминирани во училиштето.

Бурата на идеи е класичен начин да започнете некоја активност, но можете да ја направите работата подинамична и да бидете провокативен кажувајќи расистичка шега. Размислете да изберете некоја која е на сметка на група која не е застапена во вашиот клас или младинска група. Во секоја земја постои традиција на шеги за други државјани. Можете да ја започнете дискусијата со барање од групата да сподели една или две шеги. Потоа би можеле да продолжите да зборувате за границата помеѓу расистичките и нерасистичките шеги. На пример, дали шегите за Ромите или Евреите се националистички или расистички? Ова може да ве доведе до дефиниција на расистичка шега и расистички инцидент (види подолу во „понатамошни информации“).

Во делот 1 чекор 5, можеби ќе сакате да ја користите  Форум театар or Театар на слики техниката.

Во дел 1 чекор 6, може да откриете дека учесниците се многу емотивни. Ова може да се рефлектира во белешките што учесниците ги правата на крајот од секоја сцена и тоа може да го отежни процесот на навраќање. Може да биде подобро ако се држите на конкретното и се фокусирате на она што актерите треба да го направат.
Може да се случи да на крајот од дел 2 чекор 4 заклучоците не се доволно јасни за да може учесниците за да ги искористат за следниот чекор. Во овој случај, можеби ќе сакате да го користите материјалот „Некои практични точки за разгледување“ и да ги поттикнете групите да ги развијат првите четири чекори.

ВаријацииGoto top

Активноста може да се приспособи за решавање на прашање како што е булингот. Ако темата е булинг, можеби ќе ви се допадне прво за да ја истражите активноста, "Дали имаме алтернативи?" пред да се обидете да развивате анти-булинг политика.

Предлози за следни активности Goto top

Редовно разгледувајте ја ситуацијата и политиката, на пример, еднаш или двапати годишно. Потребно е политиките да бидат разгледувани за да се осигураме дека тие навистина ги исполнуваат целите. Како што се менува општеството, така и политиките треба да се ажурираат за да се осигуриме дека тие и понатаму ги задоволуваат предизвиците од променетите услови. 

Ако сакате да направите некоја кампања, тогаш активноста  "Доста" ќе ви помогне да се развие активност.

Друга активност која се фокусира на предрасуди и дискриминација е "Мојот живот не е шоу". I Се однесува на сајбер-булинг. Ако групата сака да ја разгледа дискриминацијата против лицата со посебни потреби, може да ја разгледаат активноста "Спорт за сите".

Идеи за акција Goto top

Продолжете да работите на политиките во вашето училиште или организација и да обезбедите нивна имплементација. Групата, исто така, може да се поврзе со антирасистички проекти во други земји. Например со „Училишта без расизам“, програма која бара најмалку 60% од учениците и вработените да потпишат и имплементираат заедничка изјава против дискриминација http://members.multimania.nl/astrada/szr/swr.html

Понатамошни информации Goto top

Дефиниција на расизмот 

Расизмот, општо земено, се состои од однесување или зборување или практики кои им даваат предност или омаловажуваат луѓе поради нивната боја, култура или етничко потекло. Неговите посуптилни форми се исто толку штетни како и неговите отворени форми.
Институционалниот расизам може да се дефинира како колективен неуспех на една организација да обезбеди соодветна и професионална услуга за луѓето поради нивната боја, култура или етничко потекло. Тој може да се види или да се открие во процесите, ставовите и однесувањето кои доведуваат до дискриминација преку ненамерните предрасуди, незнаење, непромисленост и расистички стереотипи што ги обесхрабрува луѓето од етничките малцинства. Расистички инциденти и малтретирање може да се појават во секоја институција, без оглед на бројот на ученици од различно етничко потеклово него. Расистички инцидент е секој инцидент што се перцепира дека е расистички од страна на жртвата или било кое друго лице. На пример:
Физичко вознемирување: се состои од повеќе очигледни примери на насилни напади или физички заплашување на деца и возрасни од малцинските групи, како и инциденти од „помало“ заплашување кои може да имаат кумулативен ефект.
Вербално вознемирување: употреба на навредливи зборови насочено кон оние од малцинските групи и секакво потсмевање на потеклото или културата на некоја личност (на пример, музика, облекување или исхрана) можеби се најочигледни примери. Но, може да има и други форми на вербална злоупотреба, кои се помалку очигледни, во кои се вклучени наставници, ученици или други возрасни лица, како правење забелешки „од прва“ со расистичка природа, кои предизвикуваат навреда.
Несоработка и непочитување: одбивање да соработуваат со или да покажат почит кон малцинството ученици, студенти, наставници, тренери, младински лидери и други од страница на луѓе во училишната/образовната заедницата може да создаде расистички инцидент ако постојат докази за расистичка мотивација или ако”жртвата” смета дека расизмот е мотив. Непочитувањето исто така може да биде ненамерно, на пример ако наставник или тренер покажува незнаење за културните практики на ученикот на начин кој ја прави жртвата да се чувствуваат непријатно или малтретирано.
Други инциденти: расистички шеги и употреба на расистички речник, носење на расистички обележја,беџови, маички итн., расистички графити, дистрибуција на расистичка литература или постери, постоење на расистички или фашистички организации во или околу училишната заедница, или стереотипи од страница на возрасните кои може да доведат до дискриминација.
Многу расистички инциденти пак ќе бидат помалку очигледни. Таквите подмолни дејства што се случуваат се често најтешки за откривање и справување. Многу расистички инциденти кои вклучуваат ученици или студенти нема да се појават во присуство на наставници или возрасни. Затоа е важно училиштата да развијат стратегии за да се осигура дека сите членови на училишната заедница се сензитивни и преземаат одговорност за, известување и справување со инциденти.

Дополнителни информации за расизмот, антисемитизмот, антициганизмоти ромафобијата може да се најдат во делот за дискриминација и нетолеранција од Поглавје 5 .

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Картички за улоги  

Картичка за улогата на директорот
Вашата најголема загриженост е угледот на училиштето по однос на безбедноста и крадењето.

Картичка за улогата на Наставник 1
Сте забележале дека и други работи, а не само пари, исчезнуваат од училиштето. Забележавте дека минатата недела Ѓула дојде на училиште со мобилен телефон.

Картичка за улогата на Наставник 2
Вие сте класниот раководител на Ѓула. Го познавате многу добро и ви се допаѓа. Тој е љубезно и внимателно момче кое работи напорно, но тој нема пријатели.

Картичка за улогата на таткото
Ѓула е добро момче. Вие знаете колку образованието е важно и секогаш проверувате дали Ѓула ја завршил својата домашна задача, пред да му дозволите да оди надвор и да игра фудбал. Минатата недела беше неговиот роденден.

Критичен инцидент
Сите сцени се одвиваат во канцеларијата на директорот 

Сцена 1: Директор, наставник 1 и наставник 2
Директорот, наставникот 1 и наставникот 2 дискутираат за проблемот и нивните реакции на неодамнешната серија на поткраднување во училиште. Имало неколку инциденти: на пример, започнало со исчезнување на пенкало,а потоа исчезнаале и неколку други работи, но воглавно пари. Постојат гласини за тоа кој би можел да биде, а најверојатно виновникот се чини дека е Ѓула, ромското момче.

Време: 3-5 минути

Сцена 2: Директор, таткото на Ѓула и Наставник 1
Директорот го притиска таткото на Ѓула да признае дека неговиот син краде. Таткото нагласува дека Ѓула не би правил такво нешто. Сепак, тој се извинува и понудува да ги надомести украдените пари. Наставниците се чувствуваат непријатно за ситуацијата и ветуваат дека тоа ќе остане тајна. Ѓула може да остане во училиштето, но таткото треба да внимава на неговиот син.

Време: 3-5 минути
Сцена 3: Директорот и Наставникот 2
Директорот и Наставникот 1 разговараат за подобрената атмосфера во училиштето. Тие се задоволни што проблемот изгледа е решен. Влегува Наставникот2:Тој/таа известува дека полицијата само што го уапсила ученикот што поткраднувал (не е Ѓула) покрај вратата на училиштето. Изгледа дека тој/таа признал/а дека ги украл/а сите пари. Тие дискутраат за нивните реакции во врска со веста.

Време: 3-5 минути

Насоки за обучувачите  

Нека волонтерите ја изиграат својата улога. На паузите, помеѓу сцените, треба да упаднете со прашања и да побарате од набљудувачите да ги запишат клучните зборови кои го сумираат нивниот одговор во таа фаза од презентацијата.

Прва пауза: Прво прашање за набљудувачите: Ако вие бевте директорот, што би направиле?
Втора пауза: Второ прашање до набљудувачите: Дали мислите дека прашањето беше успешно решено?
Трета пауза: Трето прашање за набљудувачите: Што мислите сега?

Некои практични точки за разгледување во врска со развивање на анти-расистичка политика.
Во справување со расното вознемирување и расистичките инциденти, потребно е целосен пристап на училиштето (организацијата) за развојот на политика и нејзина имплементација. Важно е, пристапите кон расистичките инциденти да се совпаѓаат со општата училишна/организациска политика и практики. Прашањата треба да се сметаат како “посебни, но не одделни”. Некои практични точки за разгледување се:
• Во политиката треба да постои јасна изјава која кажува дека нема да се толерираат ниту расистички инциденти ниту расни малтретирање.
• Во политиката, училиштето треба да даде јасни насоки за процедурите кои треба да се следат кога се случува расистички инцидент.
• Целиот пристап на училиштето, вклучувајќи ги процедурите и договорените активности за справување со инциденти, мора да стигнат до сите членови на училишната заедница: управители, кадар (наставен и ненаставен), родители, ученици, студенти и посетители.
• Мора да биде убаво разбрано дека сите во училишната заедница имаат одговорност да ги следат и да се справат со расното малтретирање и расистичките инциденти.
• Треба да постои конзистентност на пристапот, така што сите вклучени ќе бидат свесни за тоа што се очекува од нив.
• Треба да се разбере дека одговорот на инцидентот треба да се направи во моментот кога инцидентот се случува или кога е пријавен.
• Сите дополнителни одговори на инцидентот треба да се направат во рамките на веќе договорен временски рок.

Извор: http://www.northants-ecl.gov.uk/apps/IPS/msc/rig/hme.asp