Мислете како сакате, но – ловењето на китови е убиство и тоа не е во ред. 

Друштво за заштита на китовите и делфините

Преглед

Оваа активност вклучува работа во мали групи, играње улоги, дискусија и градење консензус за прашањата за:

  • Одржливата корист од морските ресурси;
  • Правата на домородните народи, слободно да го одредат нивниот економски, социјален и културен развој.
Поврзани права
  • Право да се учествува во културниот живот на заедницата;
  • Право на храна и пристап до природни ресурси;
  • Право на живот, слобода и лична сигурност.
Цели
  • Да се развие разбирање за очигледните конфликтни тврдења за правото на учество во културниот живот и заштита на животната средина;
  • Да се развијат критичко мислење, вештини да се презентира аргумент и вештини за градење консензус;
  • Да се развијат ставови за отвореност кон културните разлики.
Материјали
  • рилози
  • Пенкала и хартија за групите да прават белешки.
Подготовка
  • Прочитајте ги сите прилози за да се запознаете со информациите за темата. Тогаш вие ќе можете да делувате како ресурсна личност, доколку е потребно.
  • Направете копии од картичките со улоги. Секој учесник треба да има сопствена картичка со референтна улога.
compass-key-date
  • 9 АвгустМеѓународен ден на домородните народи

Инструкции

Оваа активност е поделена на два дела: првиот дел (30 минути) е вовед во активноста и во вклучените прашања за животната средина и културата, а вториот дел (90 минути) е симулација на состанок за обид да се најде заедничка основа помеѓу племето Маках (Makah) и лобистите против ловењето на китови. 

Прв дел. Вовед во прашањата за животна средина и култура (30 минути)
1. Објаснете дека активноста е за правата за животна средина и културните права.Таа се насочува кон желбата на народот Маках, кои сакаат да продолжи ловењето на китови, и противењето од страна на борците за заштита на животната средина и останатите.
2. Кажете им на групата за Маках и објаснете дека конфронтирањето трае многу години и дека правните трошоци растат без да има долготраен резултат. Борците за заштита на животната средина користеле непромислени методи, ставајќи ги во опасност сопствените и животите на останатите другите луѓе, а некои припадници на Маках се толку фрустрирани така што тие го прекршиле законот и илегално ловеле китови. Тоа е една незадоволителна ситуација за сите и изгледа, време е страните да се обидат да разгледаат што имаат заедничко и да најдат решение.
3. Воведете некои од прашањата, замолувајќи ги учесниците да го назначат нивниот одговор на следните прашања, преку стоење „високо или ниско“.((Како да се користи оваа техника, видете оваа секција). Читајте ги следниве изјави една по друга:

  • Обичаите на луѓето треба да се почитуваат сé додека не ги злоупотребуваат човековите права.
  • Ние треба да го почитуваме правото на луѓето да имаат слобода во изборот на храна; да бидат вегани, вегетаријани или да јадат месо.
  • Храната што ја јадеме би требало да се произведува со користење на методи кои не се штетни за животната средина.
  • Сточарството не треба да вклучува сурови методи, како што се интензивно одгледување и сурови начини на колење.
  • Културните традиции се многу значајни за луѓето и тие треба да се почитуваат.
  • Китовите не треба да се ловат, дури ни за културни цели.

Втор дел. Симулација на состанок за обид да се излезе од ќорсокакот помеѓу племето Макахи и противниците на ловењето на китови. (90 минути)
1. Потсетете ја групата дека жестоката борба, и буквално и правно, трае со години и дека сега е време за обид да се најде решение. Оваа активност е симулација на состанок, чиј домаќин е една замислена организација наречена Crest (култура, права, животна средина, одржливост и разговор). Crest е една независна организација која работи на приближување на перспективата на човековите права до прашањата за животната средина. Тие се посветени на промовирање на разбирање преку дијалог. Симулацијата е состанок, кој го води Crest, помеѓу четири групи:
a. Племето Маках, кое сака да продолжи со ловење на китови
б. Високо-северна алијанса (High North Alliance), чадор организација, која ги претставува ловците на китови и фоки, која работи за иднината на крајбрежните култури и за одржливата корист од ресурсите на морските цицачи. Оваа алијанса ги поддржува Макахи.
в. Sea Shepherd, организација која го истражува и документира кршењето на меѓународните закони, регулативи и договори кои ги заштитуваат морските видови. Тие се против барањето на Маках.
г. Greenpeace, активисти за животна средина кои се против ловењето на китови.
2. Улогата на Crest е да ја води дискусијата, која ќе се фокусира на пет прашања:

  • Зошто китовите се значајни? 
  • Дали сивите китови се загрозени видови? 
  • Зошто Маках треба да се спречат во јадењето месо од кит? 
  • Дали ритуалот на ловење на китови од стана на Маках може да се модифицира? 
  • Ако се постигне договор, каков вид на мониторинг ќе биде потребен за да се осигураме дека китовите ќе бидат заштитени?

3. Побарајте четворица доброволци да го претставуваат Crest, а остатокот од групата поделете го подеднакво, на четири мали групи. Поделете ги картичките со улоги. Групите имаа 30 минути да дискутираат за информациите и да размислат за нивните позиции и нивните аргументи за поддршка, во врска со оние пет прашања.
4. Кога групите се подготвени, доведете ги сите заедно, пленарно и повикајте ги луѓето кои го претставуваат Crest да го отворат состанокот. Состанокот би требало да трае 60 минути.
5. Crest го отвора состанокот со кратка изјава за човековите права и рамката за животната средина и нагласува дека целта на овој состанок е да се споделат информации и да се дискутираат прашањата, како што е формулирано преку петте прашања. Следи племето Маках кое го наведува неговиот случај. Потоа темите се отворени за дискусија.
6. На крајот од дискусијата Crest треба да сумира. Дајте кратка пауза, а потоа преминете на резимирање и евалуација. 

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете, замолувајќи ги групите, да размислат за дискусиите и дали беше можно да се постигне консензус за некое од прашањата; потоа преминете на разговор за општите прашања.

  • Дали беше тешко да се играат различни улоги? 
  • Што беше најинтересното нешто што го научија? 
  • Што е она што ги прави аргументите најдобри? Да допираат до емоциите или да се рационални, логички аргументи?
  • Колку тешко беше да се согледа другата страна на аргументот? Колку тешко беше да се прифати?
  • Дали имаше заедничка основа за секое од петте прашања? 
  • Во вистинскиот живот, колку тешко е да се прифатат културните практики на другите луѓе, за кои учесниците сметаат дека се груби, несфатливи и неетички?
  • До која точка културниот судир станува дискриминација? 
  • Колку е тешко да се биде отворен во врска со културните разлики? 
  • Дали глобализацијата неизбежно води кон губење на културата? Дали променетата култура е изгубена култура? Дали треба да гледаме на културната промена како позитивен процес во промената на светот?
  • Кои човекови права се опфатени во оваа активност? 
  • Спротивставените правни барања обично се решаваат на суд. Дали е ова праведен начин за решавање на прашањата за човековите права?• Што би требало да биде приоритетно, потрагата на луѓето по храна и живот или заштитата на животната средина и зачувувањето на видовите?

Завршете ја оваа сесија со уште еден круг на „високо или ниско“ за да видите дали луѓето ги поместиле нивните ставови во врска со прашањата за ловењето на китови. Повторете ги истите прашања, кои ги поставивте во првиот дел. 

Совети за обучувачите Goto top

Комплексноста на прашањата во оваа активност значи дека таа најдобро одговара за повозрасна група со добри вештини за дискутирање. Има многу информации кои треба да се усвојат, а текстот на картичките со улоги претпоставува одредено ниво на знаење за човековите права и терминологијата за животната средина. Вие можеби ќе предвидите оваа активност да се работи низ две сесии, давајќи им на групите време помеѓу за да ги прочитаат картичките со улоги и да размислат за прашањата.

Една важна цел од оваа активност е соочувањето на младите луѓе со ограничувањата на нивните културни перспективи и нивно оспособување повторно да размислат за нивните ставови кон одржливата корист на дивиот свет. Ловењето на китови е емотивно прашање за многу луѓе и прашање за кое често задржуваат цврсти ставови. Ова ја прави темата предизвикувачка, но и многу тешка за работа. Вие би можеле, на пример, да ги прашате учесниците како тие би реагирале ако им беше забрането да јадат специфична храна, значајна за нивната култура, живот и традиции. Втората цел е да се развијат вештини за градење консензус и затоа активноста е дизајнирана да биде состанок кој се води од страна на една замислена организација - Crest (култура, права, животна средина, одржливост и разговор). Пред да ја реализирате активноста, ви можеби ќе сакате да се потсетите на информациите за градење консензус.

Во вториот дел, чекор 1 од инструкциите можеби ќе сакате да елаборирате за некои прашања. 

  • Зошто китовите се важни? Земете ги во предвид економските, историските, спиритуалните и причините за животната средина!
  • Дали сивите китови се загрозени видови? Дали постои научен доказ за тоа?
  • Зошто Маках би требало да се запрат и да не јадат месо од кит? Размислете за тоа дека Евреите и муслиманите не јадат свинско месо од културни причини, но не ги запираат другите луѓе во јадењето свинско месо.
  • Дали би можел ритуалот на Маках при ловење на китови да биде прилагоден? Имајте во предвид дека културните практики можат и прават промени: на пример, во одговор на епидемијата на СИДА, во културите низ светот, зборувањето за сексот не е веќе табу, а ритуалите кои вклучуваат секс, како што се, прочистувањето на вдовиците, се пред предизвик и се менуваат.
  • Ако се постигне договор, каков вид на мониторинг ќе биде потребен за да се осигураме дека китовите ќе бидат заштитени? Размислете за отворен пристап до информациите, кои можат да бидат арбитер за тоа дали во одредена година китовите биле во добра форма и како да се превенира мамењето. 

Проверете дали учесниците целосно го разбираат значењето на некои од темите и концептите воведени во картичките со улоги. На пример:

Домородни народи 

Нема цврсти и брзи разлики, кои ќе ни овозможат јасно дефинирање на домородните народи. Воглавно, би можело да се каже дека тие се потомци на луѓе, кои првично ја зазеле земјата, пред да дојдат колонизаторите и пред да се означат границите на земјата. Тие се секогаш маргинализирани во нивните држави и тие често се племиња.Декларацијата за правата на домородните народи од 2007 го признава нивното право на само-определување, нивното право слободно да го определуваат нивниот економски, социјален и културен развој и нивното право на достоинство и разновидност на нивните култури.

High North Alliance web site: www.highnorth.no

The Sea Shepherd International: www.seashepherd.com

International Whaling Commission: www.iwcoffice.org

Makah Nation web site: www.makah.com

Greenpeace web site: www.greenpeace.org

Принципот на претпазливост 

Принципот на претпазливост наведува дека: „кога една активност предизвикува опасност од повреда на човековото здравје или на животната средина, треба да се преземат мерки на претпазливост дури и кога односот помеѓу некоја причина и ефект не се научно воспоставени.“ Тоа вклучува преземање мерки во име на несигурноста; го префрлува товарот на докажување на оние кои креираат ризици; анализа на алтернативите на потенцијално-штетните активности; и партиципативни методи за донесување на одлуки.

Одржливост

Во 1989, Светската комисија за животна средина и развој при ОН (WCED), исто така наречена Извештајот Brundtland, го дефинираше одржливиот развој како: „развој кој ги задоволува потребите на сегашноста без загрозување на способностите на идните генерации за задоволување на нивните потреби.“ „Одржлива корист“ е термин кој се применува само за обновливите извори; тоа значи користење на ресурсите по стапки кои се во рамките на нивниот капацитет за обновување. Постои глобално договорен принцип за одржлива корист на светските природни ресурси, заснован врз научни докази и објективни податоци.

ВаријацииGoto top

Ако групата е мала, можете да работите со две групи, Маках и Високо-северната алијанса од една страна, а Greenpeace и Sea Shepherd на другата.

Можеби ќе сакате да ја водите активноста на две различни места за да им дозволите на групите да ги истражуваат фактите и да имаат повеќе време да размислуваат за нивните позиции.

Еден алтернативен начин да се презентира оваа активност е панел дебата. Одберете една личност да ги претстави сите четири групи Маках, Високо-северната алијанса, Sea Shepherd и Greenpeace. Дозволете им да ги презентираат нивните случаи и потоа продолжете со прашања. На крајот, гласајте за секое од петте прашања. На овој начин, ги поттикнувате луѓето да размислуваат за човековите права, прашањата за културните и аспектите од животната средина, но ќе недостига елементот за градење консензус.

Предлози за идни активности Goto top

Ако групата сака да ја истражува идејата за културните промени, преминете на активноста "Наскоро ќе бидат застарени".

Идеи за акција Goto top

Поддржете ги домородните народи, купувајќи нивни производи. Многу рачни изработки, кои се продаваат во продавници кои продаваат производи преку „праведна трговија“, се изработени од домородни народи. Наредниот пат, одете, погледнете и одберете подарок за некого. 

Понатамошни информацииGoto top

There is more information about animal rights and the idea that kindness and respect is due to all sentient creatures on www.uncaged.co.uk.

More information about whaling and the Makah nation can be found at: www.historylink.org (search for makah whaling)

„Ловењето на китови од страна на Маках и смртта на Левијатан: повторно откривање на традицијата и спорната автентичност во модерното време“ од Rob van Ginkel, Универзитет од Амстердам, достапно и на Интернет. Внесете го насловот во вашиот пребарувач.

Повеќе информации за правата на животните и за идејата, дека е потребна љубезност и почит за сите живи суштества, на линкот: www.uncaged.co.uk.

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

 

 

 

Општи информации за обучувачот

Маках (исто наречени и племе Маках) живеат во резерват, кој е сместен на највисокиот северно-западен ‘рт од Олимпискиот Полуостров во државата Вашингтон, САД. Сегашниот резерват изнесува околу 27.000 акри. Во јули 1999, племенските пописни податоци покажале дека племето Маках има 1.214 запишани членови, а само 1.079 членови тековно живеат во резерватот. Просечната стапка на невработеност во резерватот е околу 51%. Речиси 49% од домаќинствата во резерватот имаат приходи, кои се класифицирани на ниво на сиромаштија, а 59% од станбените единици се сметаат за субстандардни.

Со оглед на овој темен опис, традициите се многу силни и многу припадници на Маках, кои дипломирале на факултетите, се враќаат назад во резерватот да работат за племето Маках, локалната клиника и јавното училиште.
http://www.statemaster.com/encyclopedia/Makah

Кратка историја на неодамнешни спорови 
• Октомври 1997: Согласноста од Меѓународната комисија за ловење на китови им дозволи на Маках четири сиви китови годишно.
• Maј 10, 1999: Се случи првиот лов на китови од страна на Маках, после повеќе од 70 години. Протестантите го прекинаа ловот, ставајќи ги нивните и животите на другите луѓе во опасност.
• Maј 17, 1999: Еден кит е фатен.
• Jуни 9, 2000: Апелациониот суд на САД за деветтиот округ, нареди дека ловот е запрен сé додека не се подготви нова проценка за животната средина.
• Jули 2001: Подготвена е новата проценка. Ловот е повторно дозволен.
• 2002: Меѓународната комисија за ловење на китови го одобри барањето на Маках да ја обнови квотата на китови за дополнителни пет години.
• Декември 2002: панел со три судии од Апелациониот суд на САД за деветтиот округ, го стави ловот на чекање на неодредено време сé додека не се подготви изјавата за целосното влијание врз животната средина.
• Февруари 2005: Племето Маках поднесе формално барање до Националната агенција за морски риболов за одрекување од законот за заштита на цицачите за да им се дозволи да ловат китови.
• Септември 2007: Некои членови на племето, фрустрирани од недостаток на напредок, илегално ловат китови.
• Мај 2008: Службата за рибарство објави нацрт на извештајот за влијанието на животната средина.
• Средина на 2009: Нема завршна изјава за влијанието врз животната средина или одлука според барањето за разрешување.
Извор: www.historylink.org

 

Картички со улоги

Вашата позиција со прашањето за ловењето на китови е неутрална. Вашата улога е да обезбедите информации за човековите права и легислативата за животната средина, да бидете медијатор помеѓу групите и да сумирате на крајот. Вашата работа како фасилитатори на состанокот е да овозможите дискусијата да биде фокусирана на задачата и да ги појасне заблудите и недоразбирањата. Помогнете им на групите да се оттргнат од нивните разлики и истражувајте што имаат тие заедничко, со цел да се постигне консензус за следниве прашања:
• Зошто китовите се значајни?
• Дали сивите китови се загрозени видови?
• Зошто Маках треба да се спречат во јадењето месо од кит?
• Дали ритуалот на ловење на китови од стана на Маках може да се модифицира?
• Ако се постигне договор, каков вид на мониторинг ќе биде потребен за да се осигураме дека китовите ќе бидат заштитени?

Започнете со добредојде на сите. Поставете ја рамката за дискусии. За две минути наместете ја сцената, сумирајќи ги аспектите на човековите права и правата на животната средина во врска со ова прашање, и по желба, цитирајќи некој од деловите подолу. Повторете ја целта на состанокот: да се дискутираат прашањата и да се направи обид да се дојде до заедничко разбирање со цел да се најде трајно решение за тековниот конфликт.

Замолете ги членовите на племето Маках да ги објаснат нивните причини зошто сакаат да продолжат со ловот на китови пред да се отвори главната дискусија. После 50-минутна дискусија, накратко резимирајте и набројте ги точките кои произлегоа на овој состанок и кои наредно треба да се појаснат.

Некои информации за човековите права, културата и животната средина 

Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, во член 1 наведува дека: 
1. Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на ова право, тие слободно го определуваат својот политички статус и слободно го обезбедуваат својот економски, социјален и културен развој.
2. За да ги постигнат своите цели, сите народи можат слободно да располагаат со своите богатства и со своите природни извори, без штета по обврските што произлегуваат од меѓународната стопанска соработка, заснована врз принципот на заемниот интерес и меѓународното право. Еден народ, каков и да е, не може да биде лишен од своите сопствени средства за живот.

Член 15: 
1. Државите - членки на овој пакт секому му го признаваат правото:
(a) Да учествува во културниот живот; 
(б) Да се користи со достигањата на науката и со нивната примена. 

Преамбулата од Виенската декларација од 1993 наведува дека: „Сите човекови права се универзални, неделиви и меѓусебно поврзани. Меѓународната заедница мора глобално да ги третира човековите права, на еден праведен и еднаков начин, на иста основа и со ист акцент...значењето на националните и регионалните особености и различните историски, културни и верски основи мора да се имаат во предвид.“

Во 1981, Меѓународната комисија за ловење на китови одлучи да дозволи Домородно ловење на китови за сопствени потреби (ASW). Ова е дефинирано како „ловење на китови со цел локална, домородна потрошувачка, кое ќе го изведуваат домородни луѓе кои живеат во цврста заедница, со семејни, општествени и културни врски поврзани со продолжувањето на традиционалната зависност од ловењето китови и користа од китовите.“

Конвенцијата за правото на морето при ОН наведува дека: „Еден од општите принципи е оптимумот на одржливо користење на обновливите морски ресурси.“
Во 1982, Меѓународната комисија за ловење на китови донесе мораториум за ловењето на загрозениот сив кит. Во 1994, популацијата се опорави, со проценети 21,000 единки, а исто така, беше тргнат и од листата на загрозени видови во САД.

Картичка со улога – племето Маках  

Вашата улога е да го претставите случајот на Маках Индијанците, кои живеат на северо-западниот брег на Северна Америка. Ловењето на китови е значајна културна традиција за Маках и вие само сакате да убиете пет сиви китови секоја година.

Вие треба да го искористите вашето постоечко знаење за човековите права и прашањата за животната средина, заедно со следниве информации:
• Иако поминаа 70 години од последниот лов на китови, церемониите, ритуалите, песните и приказните се пренесуваат и се чуваат. Целата општествена структура беше изградена околу ловот.
• Денес, некои Маках Индијанци живеат од риболов на лососи и пацифички бакалари, кои се продаваат во локалните фабрики за преработка на риби, но стариот систем на споделување на уловеното сé уште постои помеѓу семејството и пријателите.
• Тоа беше индустриско ловење на китови, од страна на Европјаните и Американците, кој го намали бројот на китови. Сега бројот на китови е на историски високо ниво и китот е тргнат од листата на загрозени видови на САД.
• Нашите млади луѓе го вреднуваат поседувањето идентитет, врз основа на нивната култура и историја. Да се биде дел од културата, која има долга традиција, е привилегија која ја немаат многу млади луѓе во САД.
• Ние нема да ловиме сиви китови за комерцијални цели. Нашата цел е обредна и за храна/егзистенција.
• Ние побаравме 5 сиви китови, но тоа не значи дека сите ќе ги уловиме.
• Ние одиме на риболов со мали крајбрежни бродови, користејќи го традиционалниот рачен харпун. Ние размислувавме и за модифицирана верзија со бомба на врвот, како оние кои се користат при ловот на гренландскиот кит во Алјаска.
• Ние ќе бидеме активни учесници кои ќе овозможат сивиот кит никогаш да не се врати на листата на загрозени видови.

Картичка со улога – Sea Shepherd и Друштво за заштита на китови и делфини

The Sea Shepherd International е непрофитна, невладина организација, вклучена во истражување и документирање на кршењето на меѓународните закони, регулативи и договори за заштита на морските видови. Друштвото за заштита на китови и делфини (WDCS) е светски најактивна добротворна организација посветена на заштита на китовите, делфините и морските свињи.

Вие треба да го искористите вашето постоечко знаење за човековите права и прашањата за животната средина, заедно со следниве информации:
• “Мислете како сакате, но – ловењето на китови е убиство, а тоа не е во ред.“ 
– Китовите не се луѓе, но не се ни помалку од луѓето. Еден ум кој прифаќа убиство на китови се поклопува со умот на некој кој прифаќа геноцид на „инфериорни“ човечки суштества.
– Во подлабока смисла, китовите и некои други цицачи имаат права, ако не човекови права, тогаш најмалку „хуманистички права“.
• Вистинската причина за оваа иницијатива од Маках е бидејќи тие многу добро знаат дека месото од кит се движи по 80$ за килограм во Јапонија. Еден кит чини речиси еден милион долари.
• Ако му се дозволи на Маках да ловат китови, ќе има последици за илјадници китови, бидејќи Норвешка, Јапонија, Русија и Исланд на ова гледаат како на преседан.
• Ние одиме по тенко јаже обидувајќи се да го почитуваме историското право на луѓето да продолжат со долгогодишните традиционални начини, а во исто време да пронајдеме рамнотежа заштитувајќи ги интересите на китовите.
• Во 1995, се појавија критики за ловот на рускиот сив кит, кога беше пријавено дека месото од китот не се користело за храна од страна на домородното население, туку со него се хранеле лисици на фармите за лисици, кои се одгледувале за нивното крзно.
• Културите се менуваат. Ескимите од северната падина на Алјаска сега се економски многу различни од народот кој ловеше китови пред еден век. Експлоатацијата на нафта им донесе голема сума пари на локалното население. Исто така, ловот, со моторни санки и хеликоптери, излегува од рамката на дефиницијата за она што е домородно.
• Додека Меѓународната комисија за ловење на китови (IWC) продолжува со дебатата за емотивното прашање за продолжување со комерцијалното ловење на китови, стотици китови и нивните роднини, помалите делфини и морски свињи, умираат секоја година, речиси незабележано, во лов од домородно население.
• Во контекст на дивиот свет, принципот на претпазливост треба да се следи.

Картичка со улога - The High North Alliance 

Високо-северната алијанса (The High North Alliance) е чадор организација која ги претставува ловците на китови и фоки од Канада, Гренланд, Фарските Острови, Исланд и Норвешка. Оваа организација е посветена во работата за иднината на крајбрежните култури и одржливата корист од ресурсите на морските цицачи.

Вие треба да го искористите вашето постоечко знаење за човековите права и прашањата за животната средина, заедно со следниве информации:
• Маках ловеле китови веќе 2.000 години пред да дојдат белите империјалисти и да ги преземат китовите и да ги уништат традициите и начинот на живот на племето Маках.
• Денес повторно има голем број на китови, но белците сакаат да го забранат користењето на овој ресурс и да ни ги негираат нашите права.
• Различните култури нема да можат да се согласат за тоа кои животни се посебни, а кои се добри како храна. Во северна Норвешка, луѓето имаат посебна врска со морските патки, додека пак во Данска, градниот кош на морската патка е деликатес. 
Според тоа, изјавата: „Китовите се различни!“, го поставува прашањето: „Различни за кого?“ 
• Ловењето на китови, како и ловењето на фоки, е дозволено, доколку се води од страна на домородни народи, ако не е комерцијално и е само за „традиционална корист“. Ова не е праведно, бидејќи:
– Надворешни лица се оние кои дефинираат што е „традиционално“;
– За да се поврзе ловењето на китови и ловењето на фоки со некомерцијален начин на производство значи да му се отфрли очигледното право на луѓето да ја определат нивната иднина; 
– Ниту една култура не е статична, но политиката на оние кои се против ловењето на китови е „de facto“ обид да се „замрзнe’’ ситуацијата, да се претвори една развиена култура во статичен музејски објект;
– Комерцијализмот, сам по себе, се смета за штетен од мнозинството членки на Меѓународната комисија за ловење на китови (тело кое го контролира ловењето на китови). Иронично е дека овој став се искажува од влади, кои обично, се силни застапници за слободна трговија.
• Тековниот мораториум или политиката - „рацете настрана од китовите“ тешко се брани со користење на логични аргументи. Постојат многу практики во земјоделството, риболовот и шумарството кои се јасно неодржливи, но не постои бланко-забрана во овие индустрии.
• “Marine mammals are part of the living resources of the ocean ecosystems. They should be protected when threatened and only hunted when there is certainty that the size of their stocks allows it. Hunting may also be necessary in order to avert over-population and imbalances in marine ecosystems.” (Report on Marine Mammals, Council of Europe, July 12, 1993)
• Whaling is a good example of how international co-operation can transform a situation of over-exploitation into one of sustainable use. International co-operation is not perfect, but it can and does work.

Картичка со улога - Greenpeace  

Поддржувачите на Greenpeace низ целиот свет имаат кампањи за нивните визии за тоа како да се постигне поодржлив свет. 

Вие треба да го искористите вашето постоечко знаење за човековите права и прашањата за животната средина, заедно со следниве информации:
• Луѓето од многу култури низ светот сметаат дека китовите се свети животни и дека секој вид е суверена нација, сама по себе, вредна за почит и заштита.
• Китовите носат радост на илјадници набљудувачи на китови.
• Greenpeace не поддржува никакво ловење на китови, но не се противи на вистинскиот опстанок на китовите сé додека не постои комерцијален елемент.
• Сивите китови мигрираат на огромни растојанија секоја година и тие само за кратко минуваат низ водите на Маках.
• Ако предлогот, да им се дозволат по 5 сиви китови, биде прифатен и ако едно племе започне да лови, тогаш и неколку други племиња во Канада и Алјаска ќе речат: „Па, ако тие можат да ги ловат, можеме и ние!“
• Екстремно тешко е тековно да се определува вистинскиот број на китови од различни популации на китови. Големината на повеќето популации е позната не поточно од плус или минус 50%. Со оглед на тоа дека промените се случуваат многу бавно, невозможное да се каже дали популацијата расте или се смалува во текот на неколку-годишните студии. Сепак, не постои сомнеж за намалувањето на бројот на китови, предизвикано од комерцијалното ловење на китови.