Прашање: Ако видите неправда или не верувате дека политиката не е праведна, што правите во врска со тоа? Како им кажувате на другите што чувствувате?

 „Да се изземете себеси“ од некој конфликт помеѓу моќните и немоќните, значи да се придружите на моќните, а не да бидете неутралени. 
Паоло Фреире

Во овој дел се разгледуваат некои од пристапите што можат да ги користите за да го внесете ОЧП во заедницата. Предлозите не се радикални, и најверојатно вие веќе користите многу од нив во вашата тековна работа: дизајнирање банери, дебатирање, организирање културни настани, средби со различни организации, пишување писма и сл. Ваквите навидум едноставни методи се всушност истите оние што ги користат професионалните активисти и тие се ефективни!

Листата подолу едвај го допира бројот на работи што можете да ги направите со групата. Таа има за цел да поттикне идеи, а не да понуди рецепти за акција. Бидете креативни и побарајте од учесниците мислење за тоа што мислат дека би било најкорисно или најинтересно да се направи и што би одговарало на вештините на оние кои ќе ја спроведуваат.

Јавни акции 

Јавните акции, како уличен театар, протестен марш, петиции, или „кампување“ на јавен простор, имаат многу различни цели, но следниве се веројатно најважните:

  • Подигнување на свеста за некое прашање
  • Привлекување на другите за каузата
  • Добивање на внимание од медиумите
  • Да им се покаже на политичарите или на оние од власта дека луѓето гледаат!

Ако размислувате за јавна акција, имајте ја на ум важноста да направите нешто што ќе привлече внимание: натерајте ги луѓето да се смеат или да застанат и да се загледаат; можеби дури и ќе сакате да пробате да ги шокирате. Треба да ги натерате луѓето да зборуваат!

Критична маса

Во многу европски градови, обично во последниот петок секој месец, десетици, а често и стотици велосипедисти се собираат за да ги вратат улиците од автомобилите. Чинот е спонтан: нема организатори на настанот и нема планирана рута. Масата на велосипедисти се возат заедно низ улиците за да го забави сообраќајот, да се направи поента за загадувањето или опасностите од возење на велосипед на патишта исполнети со автомобили, или едноставно да се потврди моќта на луѓето да го забават нормалниот градски живот и да ја слави радоста од заедничката цел и споделените идеали. Мотивите на луѓето се различни и многу од возачите ќе имаат свои транспаренти или прават кампања со што се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста. Она што започна од неколку велосипедисти што возеа, стана масовен настан, и месечна традиција во многу градови.
За повеќе информации видете www.critical-mass.info .

Предлози за групата: 

Линкови до активности: Многу од активностите подигнуваат глобални прашања кои можат да бидат предмет на кампања за подигнување на свеста, на пр.  Приказната на Ашик (детски труд), Ајде да зборуваме за секс! (род / хомофобија), Одговарајќи на расизмот (раса, дискриминација).

  • Напишете песна или музика, или ваша сопствена драма и однесете ја на улица.
  • Направете банер и демонстрирајте пред локална компанија за да протестирате за загадување, релоцирање на работни места, работнички права, или за било што може да биде релевантно.
  • Направете постери или летоци за вашиот проблем, и поделете ги или ставете ги на јавни места.
  • Поставете страница на Фејсбук за да разговарате за вашиот проблем; потоа користете и други форми на социјално вмрежување за да привлечете следбеници.

Прашање: Луѓето често велат дека демонстрациите се губење време, но каква порака се испраќа ако никој не демонстрира?


 

Гласот на „99%“ 
Движењето „Окупирај“ се прошири на речиси 1.000 градови во повеќе од 80 земји во 2011 година. Делумно инспирирано од „Арапската пролет“, каде што демонстрантите одбиваа да се разотидат додека нивните барања не се исполнат, активисти, младите луѓе и многу други поставија шатори и мали самоодржливи заедници, „окупирајќи ги“ отворените простори во градските центри низ светот. Користејќи го слоганот „Ние сме 99%“ тие имаа за цел да нагласат дека многу мал број на луѓе поседуваат огромно богатство, кое предизвикува изобличување на демократијата и неправедноста од огромното намалување (кратење) на услугите кои влијаат на мнозинството. 

Младите луѓе едуцираат 

Авторитетот на оние кои учат ( учителите) често е пречка за оние кои сакаат да научат. Цицерон

Јавните акции, како што се оние во претходниот дел, всушност не се однесуваат на образование; тие се повеќе за доставување на брза и некомплицирана порака, подигнување на свеста и засејување на семе. Младите можат да бидат одлични обучувачи и често се поефективни во регрутирањето на други кон каузата или менувањето на ставовите, особено кога публиката е нивна сопствена група на врсници. Објаснувајќи го проблемот на другите им помога на младите луѓе во две работи - да ги разјаснат сопствените позиции и да стекнат поголема доверба.

Проектот Powerpod - http://www.edinburgh-powerpod.org

Edinburgh Woodcraft Folk доби грант да набави приколка со соларни панели и турбини на ветер, како практична едукативна алатка за користа на одржливата енергија, наменета за публика од млади луѓе во Лотијан, Шкотска. Приколката, позната како Powerpod, (моќна кабина) била изградена од страна на студенти на локалниот универзитет за да се демонстрира соларната електрична и соларна топлинска енергија, како и производство од ветер како алтернатива. Првата група на Woodcraft Folk едукаторите- соученици отпатува во Центарот за алтернативна технологија, каде што ја усвоија научната суштина (заднина) и техничките аспекти на Powerpod -от. По враќањето, тие подготвија работилници за да им се обратат на децата и младите од нивна возраст. Ова доведе до планиран распоред на работилници кој беше доставен до други Woodcraft групи во областа. Работилниците предизвикаа огромен интерес и во областите за формално и неформално образование.
Извор  http://www.scotland.gov.uk/Topics/SustainableDevelopment/EWFenergytrailer

Линкови до активности: 
Користете ја Каде стоиш ти?или Избори за да најдете прашања од интерес за младите луѓе и да им помогне да ги практикуваат своите аргументи и дебатни вештини.
Користете ја Да одглумиме да го поттикнете креативното размислување за човековите права и како основа за мимика или драма.
Користете ја Образование за сите? да започнете да размислувате за образованието - што значи, зошто е важно, и како ги допира сите аспекти на животот.

Предлози за групата: 

  • Организирајте јавна дебата за проблемот од интерес, на пример, намалување на трошоците за образование, дали криминалците заслужуваат човекови права, или дали воените програми треба да се намалат за да се намали сиромаштијата. Поканете да дојдат заедно и јавни функционери и пријатели.
  • Направете свое видео или организирајте театарска продукција за тема од човековите права.
  • Напиши статија за локален (или национален) весник или прашајте ја локалната радио/ телевизиска станица за интервју. Може ли да најдете фотографија со која ќе го направите да биде поатрактивно?
  • Размислете за прашање за кое групата има добро разбирање, и поставете програма за врсничка едукација со други групи или ученици од локалното училиште. Можете ли да им зборувате за човековите права на група млади луѓе, или да водите активност од Поглавје 2?




 

Проект „Жива библиотека“ 

Група во Вроцлав, Полска, организираше „Жива библиотека“, каде што книгите се претставени од луѓе од различни културни, социјални или други групи и можат да бидат„позајмени“ на 30-минутен разговор. Групите беа оние кои имаат тенденција да бидат исклучени од општеството и кои често се соочуваат со прекршување на нивните човекови права, на пример, хомосексуалците, Ромите, инвалидите, верските малцинства итн. Во текот на 2 дена 600 луѓе ја посетиле, а повеќе од 100 позајмиле „книга“. Настанот беше пренесен и беше известено од страна на државни и приватни телевизиски и радио мрежи и печатени медиуми.
Идејата за „Жива библиотека“ е да ги урне предрасудите, со тоа што ќе им дозволи на јавноста која може да има претходно создадена идеја за поединци од одредени заедници, да се сретнат, да разговараат и да слушаат. Следните коментари беа направени од страна на „читателите“ по разговорот со „книгите“: „Тоа ми помогна да донесувам одлуки за мојот живот“. „Морав да знам многу работи; разговорите со некои луѓе навистина ги скршија моите стереотипи.“

Повеќе информации за методологијата на „Живата библиотека“ на www.coe.int/compass.

Направете го тоа сами 

Герила театарот се користи за да опише спонтани,изненадувачки перформанси во неверојатен јавен простор за доверлива публиката . Обично овие изведби се со цел да привлечат вниманиена политичко/социјално прашање преку сатира, протест и карневалски техники.
Википедија

Постојат неколку начини на кои вашата група може директно да направи промена, без да мора да поминат преку политичарите, или јавноста или други посредници. Ова може да биде најголемата награда за сите акции, бидејќи резултатот е веднаш видлив и групата може да види дека тоа е дело на нивната акција која овозможила промена.

Многу младински групи, на пример, се активни да понудат директна помош на ранливите лица чии права не се почитуваат. Таквите луѓе често треба да бидат помогнати од државата, бидејќи државата, на крајот на краиштата, е одговорна да осигура дека правата не се повредени. Меѓутоа, општеството често мора да преземе чекори за да понуди непосредна помош кога државата затаила и не ги исполнила своите обврски.

Младите луѓе можат да помогнат да се пополни оваа празнина - често само со тоа што ќе се присутни наоколу, среќавајќи се редовно со оние кои се соочуваат со тешкотии, слушајќи ги нивните проблеми или обезбедувајќи им друштво или разговор. Тоа е секогаш искуство кое ги збогатува двете страни. Посетувајќи ги ранливите и забележувајќи ги неуспесите на државата, може да ги стави во посилна позиција за лобирање кај оние кои се одговорни, или да ги пренесат неуспесите на светлина на јавноста преку контактирање на медиумите.

Прашање: Размислете за одредена група: кои прашања од човековите права можат да помогнете да се решат со посета на млади луѓе?

Линкови до активности: 
Користете ја Нашата иднина да ги поттикнете луѓето да размислуваат за локалното место и како се користи просторот.
Користете ја На скалата да се изнајдат начини на кои младите би можеле подиректно да учествуваат во локална заедница.
Користете ја Трка по богатство и моќ да ги истражите идеите за праведност и чувствата на оние кои се исклучени од општеството.

Други предлози за групата: 

  • Преземете одговорност за напуштен дел од локалната заедница: засадете цвеќиња или зеленчук и направете го просторот за луѓето да сакаат да бидат таму.
  • Понудете им ги вашите градинарски услуги или други вештини на луѓето во заедницата. Може ли вашата група да стана центар на учење како што е „Слободниот универзитет“ опишан на почетокот на ова поглавје?
  • Побарајте наоколу стара слика и алатки за декорирање: разубавете го младинскиот центар, или центарот на локалната заедница, или пак нечија куќа!
  • Направете некакви печени работи и однесете го во засолниште за бездомници или на сосед кој живее сам. Или разделете ги заедно со летоци како начин да привлечете внимание кон вашата кауза.




 

Сеење семе 

Во многу земји низ светот постојат иницијативи за враќање на напуштениот јавен простор и создавање градини. Ова понекогаш е познато како „герилско градинарство“, од шпанскиот збор герила, што значи „мала војна“. 1-ви мај е прогласен за Меѓународен ден на герилското градинарство на сончогледи од групата наречена „бриселски фармери“. Во 2010 година, околу 5.000 луѓе од целиот свет учествуваа на настанот, сеејќи семе од сончоглед во нивните локални места.

Промена на политиката или однесувањето на државни претставници

Знаејќи дека државата, или претставниците на државата се задолжни да да го осигураат почитувањето на човековите права, честопати, промени во политиката или во законот или во регулативата се крајна цел на кампањата за човекови права.

Светот е опасно место, не заради оние што прават зло, туку заради оние кои гледаат и не прават ништо.
Алберт Ајнштајн

Ова може да изгледа премногу „сериозна“ област за млади луѓе, или област каде што е мала веројатноста дека ќе направат промена. Сепак, промената на политиката доаѓа – дали на национално, меѓународно или локално ниво - како резултат на голем број притисоци, често едни по други, од различни извори. Младите луѓе кои започнуваат со човековите права можат да бидат исто толку способни да придонесат во овој процес како и искусните активисти. Тие можеби имаат поголема веројатноста за успех на локално ниво, или на ниво на институции, бидејќи мрежите се помали и пристапот до оние на власт е пореална. Сепак, не исклучувајте да работите на национално па дури и на меѓународно ниво, ако тоа е она што групата решила да го прави. 

Понекогаш најдобриот начин да се направи притисок врз претставниците на државата е преку соработка, обидувајќи се да ги запознаете претставниците со вашите аргументи. Понекогаш тоа е преку протест или притисок. Генерално, политиките се менуваат како резултат на влијанија кои доаѓаат од повеќе насоки,влијанија за соработка или за конфронтирање.

Прашање: Дали младите луѓе со кои работите знаат кои се нивните политички претставници - на локално, национално и европско ниво?

Реформите во образованието одложени како резултат на студентските протестите 

Постои силна историја на студентски протести во многу земји и често се смета дека активностите на студентите имале директно влијание врз политиката,или дека биле поттик на други групи кои се чувствуваат способни да го изразат своето незадоволство од политичките одлуки.
Во 2008 година, француската влада предложи серија промени во наставниот план, вклучително и значително намалување на работни места во наставничката професија и намалување на наставните часови. Студентите излегоа на улици, во градови низ целата земја и владата беше принудена да ги одложи реформите.

Линкови до активности:
Користете ја Колку нам ни е потребно? за да ги разгледате целите за одржлив развој- и обврската на владата за да ги исполни.
Користете ја Чахал против Обединетото Кралство за да играте улоги во судски случај на Европски суд. Учесниците можат да ги разгледаат одлуките против нивната земја и да видат како тие влијаеле врз националната политика.
Користете ја Состанокот на синдикатот за да се практикуваат преговарачки вештини и да се видат односите работодавач вработен

Предлози за групата: 

  • Контактирајте со локалните личности одговорни за одредена одлука; контактирајте со опозициските политичари или други кои имаат влијание врз политиката. Побарајте состанок или организирајте јавна расправа и поканете ги сите да присуствуваат.
  • Изгответе петиција и соберете што е можно повеќе потписи. Поканете ги медиумите да бидат присутни кога ќе ја доставите до индивидуата која се надевате дека ќе влијаете.
  • Дознајте за законските обврски што владата ги има за почитување на човековите права и кои договори ги има потпишано. Можеби ќе сакате да контактирате со адвокат или НВО активни на терен и да побарате совет. Потоа напишете писмо до вашиот пратеник или локален политичар, прашувајќи што прават тие за да осигураат дека овие обврски се исполнети. Кажете им на медиумите!
  • Погледни ги другите механизми -или национални или меѓународни –кои можете да ги користите за да се жалите за вашиот проблем или да побарате да биде разгледан од официјално тело.
     




 

Надгледување на полицијата 

„LegalTeam“ е група млади правни консултанти, активисти и експерти кои работат во Русија. Тие се специјализирани за обезбедување правна помош и за одбрана на правата на луѓето кои учествуваат во јавни собири или демонстрации, од кои многумина се соочуваат со притисок од полицијата како резултат на нивното учество. Слични иницијативи постојат во многу земји.

Групата во Русија првично беше создадена за следење и спречување на злоупотреби на човековите права околу самитот на Г-8 во Санкт Петербург во 2006 година. Потоа се разви во колектив кој ги едуцира активистите за законот во врска со протест и за тоа како да поднесат обвиненија против властите кои можеби ги злоупотребиле нивните овластувања. Групата работи семинари и има изготвено низа информативни материјали. Нивната страница LiveJournal стана виртуелно место за состанок за дискусија и консултации и делува како алатка за координирање на активностите.
(http://community.livejournal.com/legal_team).

Поврзете се со други групи или движења 

Иако е корисно за младите да иницираат нивни акции, исто така може да биде корисно да преземат акција како дел од поголемо движење, или да се стекнат со искуство работејќи со други организации. Постојат бројни организации, како „професионални“ невладини организации, така и спонтани движења, кои се занимаваат со човековите права и многу од нив ќе бидат среќни да ги вклучат младите луѓе и ќе им биде особено драго да ја имаат нивната поддршка. Запомнете дека една организација не секогаш може да ја нарекува нејзината работа како „работа на човековите права“; сепак, организацијата која работи на бездомништво, детска сиромаштија, семејно насилство, расизам и дискриминација или многу други прашања, се разбира дека работи на човекови права, без разлика дали истото експлицитно го наведува или не.

Ако некој има среќа, една фантазијата може целосно да трансформира милион реалности. Маја Ангелу

Младите можат да учествуваат во кампањи организирани од вакви организации или за да имаат поголемо учество можеби ќе се понудат да им помогнат во планирање и организација на настан. Граѓанските организации без соодветно финансирање секогаш ќе бидат задоволни од дополнителните раце на волонтери, и генерално ќе обезбедат поголема можност за волонтерите сами да ја преземат иницијативата. Поголеми НВО можеби ќе можат да понудат практично искуство за возврат на доброволна работна помош. На овој начин, на младите им се дава можност да работат со професионални активисти на терен и да стекнат корисно работно искуство, како и да добијат увид во работата во третиот сектор.

Прашање: Дали знаете за локалните организации кои работат на прашања поврзани со човековите права? Дали постојат одредени прашања кои не се решаваат ефективно?

„Храна, не бомби“ 
Храна не бомби е движење за мир на локално ниво кое започна во САД и сега постои во многу земји низ светот. Мали групи на волонтери, вооружени со информации за храна и бомби, нудат бесплатни вегетаријански оброци не само за бездомниците, туку и за некој друг, без ограничување. Тие го прават тоа не само за да им помогнат на оние кои не се во состојба да се прехранат, туку и да привлечат внимание кон фактот дека доколку се пренасочуваат воените трошоции, се стави крај на фрлање на храната, може да се елиминира гладот во светот. Движењето нема официјална организација, туку ги охрабрува луѓето да воспостават „локални поглавја“ во нивните градови и да започнат да ги хранат другите како политички гест. Поглавјето:„ Храна, не бомби“ постои насекаде низ САД и исто така во многу градови низ Европа. За повеќе информации. видете на http://www.foodnotbombs.net/

„Мислам дека „Храна, не бомби“ трае бидејќи има компонента во која се гледаат резултатите и дека луѓето се менуваат кога ќе видат дека можат да соберат храна и имаат директно влијание врз животот на луѓето преку споделување на оброци и намирници. Друг аспект кој ја промовира неговата долговечност може да се најде во нашиот принцип да нема лидери и да ги поттикнува секоја група да се стреми да донесува одлуки користејќи консензус. Волонтерите не чувствуваат дека им е наредено да прават нешто или чувствуваат дека некој во канцеларијата добива плата додека тие ја работат работата. Тие преземаат лична одговорност „Храна, не бомби“да се случи“. Кит Мекенри, основач на „Храна, не бомби “

Предлози:

  • Дознајте кои локални организации работат на прашања кои ја интересираат групата: организирајте состанок со претставници, и групата да размисли како би можела да се вклучи.
  • Погледнете ги кампањите што ги организирале поголеми добро-познати организации за човекови права, како што се Лекари без граници, Амнести Интернешенел, Спаси ги децата, Меѓународната федерација на лигата за човекови права лига (FIDH) или Гринпис, и разговарајте со групата на кои прашања или кампањи би сакала да работи.
  • Погледнете го делот за Планирање и твојата акција, во ова поглавје,и видете дали групата би сакала да формира сопствена организација за да работи на одредено прашање.Тие можеби ќе сакаат да контактираат со други младински групи или да поканат пријатели што ќе внесат нови вештини и идеи, и со тоа да го зголемат бројот. Така всушност, започнуваат организациите за човекови права!

Меѓународното младинско движење за човекови права 

Меѓународното младинско движење за човекови права (МДЧП) (YHRM) е меѓународна мрежа на млади луѓе и организации првенствено од Централна и Јужна Америка и Источна Европа. Младите работат заедно за да ги заштитат и промовираат идеите и принципите на човековите права, да ги поддржуваат меѓусебните активностите и да формираат нова генерација на бранители на човекови права. YHRM започна во 1998 година како иницијатива на мала група млади луѓе. Денес обединува повеќе од1000 луѓе од 37 земји. Повеќе информации се достапни на www.yhrm.org.

Собирање на податоци 

Млади луѓе и учество –„Што ви е потребно?“ 

Во мал град во Полска, локална младинска асоцијација беше загрижена за ниското ниво на учество меѓу младите луѓе. Тие знаеја дека локалните власти имале малку идеја за потребите и профилот на младите луѓе во градот, па затоа решија да соберат информации за да создадат поцелосна слика. Тие користеа голем број различни алатки и методи, на пример- социјални мрежи, текстуални пораки, интервјуа на улиците и разговор со нивните пријатели, колеги и семејства. Потоа групата организираше јавна изложба со резултатите од анкетите. Со помош на експерт, тие изготвија официјален документ во кој ги прикажаа резултатите и го испратија до локалниот градоначалник. Ова беше првпат гласовите на младите луѓе да бидат слушнати во градот.

Истражувањата и мониторингот се важни алатки за секој активист, и тоа со цел да се обезбеди слика за потребите и прашањата кои ја засегаат групата за да преземе акција , како и алатка за лобирање или средство за информирање на јавноста. Разбирањето на различните аспекти на прашањето е од суштинско значење за да можат да се планираат ефективни акции. Или, како во примерот погоре, информацијата сама по себе може да биде корисен начин да се влијае врз оние на власт.

Како можат групите да се вклучат во собирањето информации, како што е наведено погоре и да бидат сигурни дека информациите ќе бидат корисни не само за нив, туку исто така за решавањето на одредено прашање? Со други зборови, како собирањето на информации може да биде почетокот на акција, но и образовна активност?

Линкови до активности:
Пробајте ја активноста Да се гласа или да не се гласа? за да им дадат на младите луѓе искуство во спроведување на анкетирање.
Пробајте ја активноста Мрежа на животот за да истражите прашања во врска со животната средина и загадувањето; потоа најдете онлајн „јагленороден калкулатор“и помогнете им на учесниците да ја израработат нивната емисија на јагленороден двооксид.

  • Осигурајќи дека информациите се свежи, или шокантни, или не се многу добро познати - на пример, бројот на млади во вашиот роден град кои спијат на улица, нивната возраст, како се нашле на улица, и што велат за нивните потреби.
  • Размислувајќи за тоа кој треба да ги знае информациите и што сакате тие да направат со нив. Дали ќе ги искористите за да убедите локален политичар, или ќе се обидете да направите притисок користејќи го јавното мислење, или меѓународните организации?
  • Размислувајќи за тоа како информациите се презентираат: со изложба, како што беше организирано од полската група, дали може да биде поатрактивна за пошироката јавност наместо низа на статистички податоци!
  • Со истовремено информирање на медиумите за резултатите од вашето истражување, дури и ако тие не се директна цел. Тие ќе осигураат дека прашањето едноставно не е „исчезнато“


 

Младите ги мониторираат изборите 

Парламентарните избори во Ерменија им дадоа можност на младите луѓе од таа земја како и од други земји да учествуваат на изборен мониторинг. Пред сè, беше подготвен Прирачник за младиот монитор, кој ги содржеше сите информации кои можеби ќе им бидат потребни за да ги следат на изборите. Прирачникот ги опфати правните прашања, концептот и потребата за избори, политичките партии во Ерменија и задачите на мониторинг мисијата.

Околу 82 млади луѓе учествуваа во набљудувањето на изборите. Потоа објавија извештај за нивните наоди, кој беше дистрибуирани меѓу засегнати страни.

Ова може да се види на интернет на веб-страницата на Федерацијата на младински клубови во Ерменија: www.youthclubs.am.